„Двајцата премиери треба прво на билатерално ниво, како што направивме ние со Заев, потпишавме договор за добрососедство и го ратификуваше Собранието во Скопје, треба и Алексис Ципрас и Зоран Заев прво да го решат спорОт меѓу нив – вели бугарскиот премиер Борисов.
Тој смета дека двајцата премиери можат да пронајдат решение за спорот, во директни разговори, и ги поддржува нивните напори за разврска на спорот со името. Воедно нуди и помош доколку е потребна, бидејќи Софија, како што посочи, сака одлични односи меѓу Атина и Скопје какви што има Бугарија и со двете земји.
М. Л.