• Latest

Бран на оставки во ДИК

December 11, 2017
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бран на оставки во ДИК

December 11, 2017 16:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија останува без своите членови. Оставките почнаа да се редат. Чичаковски, Дума и Милев, недостапни и по состаноци, но со потврдени изјави во јавноста дека поднеле оставки или барања за престанок на вршење на нивните функции. 

Најмалку важно во овој момент дали Бејли повлече нога или само ја удри последната нота во веќе долгата композиција од наоди дека ДИК манифестираше крајна неодоговорност во вршењето на својата должност. А, ова со бонусите само го засили крешендото на хорот кој веќе со години имаат само еден ударен стих: ОДГОВОРНОСТ.

Важно е дека почнаа со оставките. И да, почетокот на оставките со Дума, Милев и Чичаковски, не треба тука да сопре или да дефокусира од останатите членови на ДИК. Значи, во очекување се уште оставки.

Но, оставките не смее да бидат единствените постапки. Мора да се вратат парите и да се поднесе одговорност. Значи, што ќе биде со бонусите. Ќе се „донираат“ или ќе се вратат во буџетот?

Чисто информативно, ние се обидовме да побараме објаснување, со нивни зборови – кои се причините за оставките? Не добивме, не се достапни. Пак!

Како и да е, оставките мора да бидат придружени со јасни ставови и изјави пред јавноста. Да не испадне дека членовите на ДИК се под неправеден притисок, туку дека се повлекуваат од должноста поради манипулации и злоупотреби на законите и процедурите. Поради нетранспарентност и лош менаџмент на јавните пари. Тоа е прифатливо објаснување на оставките.

ЦИВИЛ, ако не повеќе, барем во четири изборни циклуси преку мониторингот на политичките партии и институциите, меѓу кои и ДИК, во делот на нивното финансирање, апелираше и јавно зборуваше за нетранспарентноста на ДИК, неодговорниот однос кон гласачкото право кое им беше ускратено на голем број граѓанки и граѓани, чие право се губеше низ институционалните лавиринти.

Оставка, одгворност, но и опомена за оние што ќе ги наследат и конечно преземање итни мерки за сите пропусти и нерегуларности за кои ЦИВИЛ конитнуирано ја алармираше јавноста, а се оденсуваат на Избирачкиот список, Изборниот законик, општиниските изборни комисии, избирачките одбори, едукацијата и јакнењето на јавната свест за гласачкото право на граѓанките и граѓаните, увид во финансирањето на ДИК и низа други области во кои оваа институција покажа недоволно квалитет, посветеност и законитост.

Не е малку, ама не ни многу… Тоа е должност и одгворност на која се обврзале сите што влегле во Државната изборна комисија, како најодговорна институција за спроведување на изборите.

Членовите на ДИК се непријатно изненадени и протестираат против вмешувањето на меѓународната заедница, амбасадорот Бејли во случајов. Но, на ДИК-овците не им пречеше силната финансиска поддршка.

Тоа што предизвикува уште поголем револт е што ДИК-овците останаа глуви за сите аларми од ЦИВИЛ, грубо одбија да ги дадат податоците за кои сега поднесуваат оставки, бидејќи „не се од јавен карактер“. Не мораше да чекаат амбасадорот Бејли да ги разобличува, можеа да ја исполнат својата законска, професионална и морална обврски да бидат транспарентни. Како што ЦИВИЛ го бараше тоа од нив цела година.

Биљана Јордановска

Tags: „Во потрага по граѓанката/граѓанинот“ДИКедукацијазлоупотребаизбирачки одбориизбирачки списокизборен законикопштиниски изборни комисииоставкитранспарентост
Share36TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ