• Latest

Бремето на изборните реформи: Пат кон демократски избори или блокади во Собранието

July 24, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Бремето на изборните реформи: Пат кон демократски избори или блокади во Собранието

July 24, 2023 13:38
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Она што сите го чекаат се изборните реформи. Натамошно кршење копја зад затворени врати, преку усогласувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, може да значи позитивен исчекор во демократскиот процес наречен избори или уште една причина за блокирање на Собранието. Но, за нив ќе се чека есента.

Во меѓувреме, темата избори е доволно актуелна за медиумите, а уште повеќе за политичките партии. Тежината на изборните реформи, во овој случај не значи ништо, затоа што изборните калкулации и аспирации се резултат на амбициите и желбите на поединци или политички партии.

Сања Лукаревска, директорка на УЈП, изјави дека, иако СДСМ се подготвени за предвремени парламентарни избори, сепак, со тоа ништо не се постигнува. Таа е оптимистка дека партијата ќе излезе како победник на редовните парламентарни и претседателски избори. Она што останува е да се завршат летните одмори и уставните измени. И ова е генерално прифатен став на СДСМ, како владејачка пратија, од кој не отстапуваат.

ВМРО-ДПМНЕ, од другата страна, со сосема спротивни ставови и аргументирања, исто така се оптимисти. Нивниот оптимизам почива на желбата за предвремени парламентарни избори. И за нив останува да поминат летните одмори и уставните измени, за кои допрва треба да донесат конечна одлука дали се ЗА или ПРОТИВ.

Секако, Мицкоски во своето аргументирање, потребата од предвремени парламентарни избори го поткрепува со трите опции: претседателски во март, а парламентарни во јуни, едни заеднички или брзи избори наесен, годинава.

Во меѓувреме, во предизборна година, турбуленции и во албанскиот блок. Прашањето што ќе се прави со ДУИ и ДУИ што ќе прави самото со себе, останува отворено.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, нагласи дека албанскиот блок после 20 години има потреба за промени за да дојде една нова генерација на политичари Албанци. Според него, АА се алтернативата која Албанците ја гледаат како политичка партија која треба да ја смени ДУИ.

Мицкоски, на иста линија за смена на ДУИ. Нивните анализи го кажуваат тоа, иако не навлегува кој би бил достоен во албанскиот блок да ги смени. Можеби тоа ќе биде Алијанса, но за тоа Мицкоски ќе треба да биде подготвен да комуницира.

Пораката од Таравари е: „Ставот на Мицкоски дека не комуницирам со партии од владеjачкото мнозинство е многу ригиден и неполитички.“

Во таа своја не-комуникација, Мицкоски очекува позитивен одговор од Владата за предвремени избори, додека уште им е свежа изборната програма што ја крчкаат. За да нема забуни, Мицкоски за Алсат-М вели: „Единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори.“

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се заснова на „нула толеранција за криминал  и корупција“? Ако се слушаат изјавите на Мицкоски, така некако ќе настапат на изборите, кога и да се одржат. Во некоја следна изјава на Мицкоски, би било вистинско освежување и летен хит, ако се слушне дека ѝ e благодарен на власта за чистката од криминалци и корупција што ја прави во ВМРО-ДПМНЕ.

Назад на ДУИ, генералниот совет на партијата, на предлог од претседателот на партијата Али Ахмети, го избра Бујар Османи за потпретседател на ДУИ и уште тројца нови членови на претседателството, како замена на оние што ја напуштија партијата.

А како пратеници на ДУИ во Собранието, функцијата ја напуштија Изет Меџити (кој најави формирање на ново политичко движење), Мерита Колчи Коџаџику и Кастриот Реџепи.

Внатрепартиските превирања во ДУИ, може да си останат само тоа, но може и да ја сменат перцепцијата на граѓаните за „зелената“ ДУИ на изборите, по што постои можност тие и формално да заминат во опозиција.

СДСМ активно се „Рамо до рамо“ со граѓаните, а свои активности далеку пред официјалното закажување на изборната трка, имаат и другите политички партии.

Некои, како на пример, Левица, објавуваат на социјалните мрежи дека локално се среќаваат со граѓани, или одат на протести против Иловица, вандализираат јавни површини, како што е „Паркот на Украина“ во Општина Чаир…

За сите предизборни активности заслужна е ЕУ. Евроинтеграцискиот пат што земјата го зацрта и треба да го изоди, бара стабилизирање на политичките односи, комуникација и прифаќање на состојбите без премрежето на политичкото слепило. Од кое, за жал, страдаат голем број политички субјекти во земјата.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Tags: избориизборни реформипредизборна кампања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ