• Latest

Брнабиќ: Политички нонсенс е Косово да учествува на самитот во Софија како држава

April 2, 2018

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Брнабиќ: Политички нонсенс е Косово да учествува на самитот во Софија како држава

April 2, 2018 16:48
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска порача дека учеството на Косово на европскиот самит за Западен Балкан во Софија „како држава е политички нонсенс“, како и дека во зависност од постапките на Приштина околу формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), Белград ќе одлучи дали ќе учествува на собирот.

– Во зависност од тоа ќе решиме околу самитот во Софија на 17 мај. Бугарија е наш голем партнер, а ЕУ е наша стратешка цел. Сакаме добра комуникација и во интерес на државата е да бидеме на тој самит, изјави Брнабиќ на прес-конференција во Белград.

Според неа, Косово не може да биде присутно на самитот „како држава, бидејќи тоа не е можно ниту теоретски“.

– Европската комисија е статусно неутрална, а Косово не е држава, туку покраина во рамките на Република Србија. Така мислат и пет силни и важни држави членки на ЕУ, нагласи Брнабиќ.

Ана Брнабиќ

Во врска со формирањето на ЗСО во Косово, српската премиерка изјави дека доколу Приштина не ги испочитува своите обврски, тогаш Белград ќе им даде целосна поддршка на косовските Срби да ја формираат Заедницата во текот на април.

– Би било неодговорно да кажам кои мерки ќе ги преземе Србија околу прашањето за Косово, бидејќи одредени работи се доверливи и во фаза на договор. Основна работа е таа што поради Приштина и нејзините партнери е се потешко да се зачува стабилноста, бидејќи тие не ја тераат доволно да ги почитува потишаните договори. Ние ќе инсистираме посилно отколку порано, на целосна имплементација на Бриселскиот договор и на формирањето на ЗСО, но не онака како што замислува  Приштина, туку така како што е договорено и потпишано, изјави Брнабиќ.

Таа се осврна и на најавите за реконструкција на нејзината Влада, при тоа изјавувајќи дека Белград „во моментот има апсолутно побитни теми поради состојбата со Косово и сега на Србија и е потребно единство“.

Ивица Дачиќ

На формирањето на Заедницата на српски општини денеска се осврна и шефот на српската дипломатијатИвица Дачиќ, кој за ТВ Пинк изјави дека Србија ќе чека до 20 април да види дали Приштина ќе ги исполни обврските од Бриселскиот договор за ЗСО.

– Доколку не ги исполни, тогаш должност на Србија е да одлучи што понатаму, изјави Дачиќ, повикувајќи ја притоа меѓународната заедница „да се изјасни дали ја сака Србија како партнер или како заложник на лошите односи“.

Тој нагласи дека Србија нема никогаш да го признае Косово, додавајќи и дека Шпанија, Романија и Кипар „се блиску до одлука“ да не присуствуваат на главната дискусија на самитот на ЕУ во Софија,

– Тоа за нас е голема поддршка, за од ЕУ да неможат да бараат да го признаеме Косово, изјави Дачиќ.


извор: МИА

Tags: БрнабиќКосовоСамитСрбијаучество
Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ