• Latest

Хан: Важно е да се спроведат итните реформи!

October 14, 2016

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хан: Важно е да се спроведат итните реформи!

October 14, 2016 17:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Изборите се важни, но важни се и деновите после нив. Важно е да се спроведат и итните реформи кои ги наметна извештајот на Прибе и тие што произлегоа од Договорот во Пржино. Важно е да имате добро подготвени и спроведени избори, за да не може никој да ги критикува. По изборите ќе има извештај на ОБСЕ/ОДХР за целиот нивен тек“, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, по разговорите со лидерите на четирите политички партии-потписнички на Пржинскиот договор, со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со претставници на граѓанскиот сектор.

твитер

Посетата на Хан во Скопје, започна утрово со средба со претставниците на граѓанските организации, со кои се разговараше, помеѓу другото, и за улогата и мандатот на Специјалното Јавно обвинителство. Невладиниот сектор на средбата го застапуваше ставот дека е неопходно да се формира независно судско одделение што ќе работи на процесуирање на случаите на СЈО, но потребно е целосно да се распушти Судскиот совет и повторно да се избере нов состав, за да се обезбеди непристрасност.

Во пресрет на денешната посета, ЦИВИЛ- Центар за слобода, уште еднаш потсети на ставовите и препораките кои се однесуваат на условите за слобони и фер избори и ги претстави итните чекори и мерки за спроведување барем делумно слободни избори.

han 1

Хан имаше средби и со премиерот Емил Димитриев, со обвинителката Катица Јанева и со лидерите на четирите политички партии, Мендух Тачи, Али Ахмети, Зоран Заев и Никола Груевски.

Работата на СЈО беше главната тема околу која разговараа Хан и Јанева. По средбата, Хан изјави: „Работата на Специјалната обвинителка не треба да се злоупотребува, а секој треба да придонесе нејзината работа да биде независна“.

дбн

„Разговаравме за проблемите со кои се соочувавме во минатото, а зборувавме и за тоа како ќе функционираме во иднина и на кој начин ќе го продолжиме нашето дејствување“, е краткиот осврт кој за јавноста го сподели Јанева, непосредно по завршувањето на средбата.

han 3

Средбата Хан- Димитриев, беше посветена на изборите кои претстојат но и на интеграцијата на Македонија во Европската унија.

„На средбата беше истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во ЕУ, при што беше истакната заложбата на двете страни за реализација на реформите кои се потребни за унапредување на стандардите кои се од значење за нашите европски интеграции. Претседателот на Владата истакна благодарност до ЕУ за соработката во процесот на спроведување на реформите“, е соопштението кое го објави кабинетот на Димитриев.

Со лидерите на четирите политички партии Јоханес Хан одржа одвоени средби.

Заев хан средба 14.10.2016 слика 1

„Изразена е заедничка согласност дека е неопходно сите политички партии и институции, вклучувајќи го и Собранието, да ја испочитуваат обврската за слободни, фер и регуларни избори на 11-ти декември“,  стои во соопштението кое СДСМ го објави по завршувањето на средбата на Заев со Хан.

unnamed-21-1024x477

Со соопштение до јавноста се обрати и владејачката ВМРО–ДПМНЕ: „Груевски посочи дека изборите се единствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба, потребен е ангажманот и придонесот на сите полички субјекти“.

сгс

„Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори“,  изјави Али Ахмети, по завршувањето на средбата со Хан.

дфбдх

„Со комесарот Хан разговаравме дека нашиот став е дека дел од  условите за фер и демократски избори се исполнети“, е ставот на Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот.

На крајот од денешните средби, Хан дополни дека Македонија доби позитивна оценка за справувањето со мигрантската криза и дека земјата треба да го искористи тој момент за да се врати на европскиот пат.

ЦИВИЛ Медиа

Tags: ЕУизбориМакедонијаполитикаСЈОХанЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ