• Latest

Чернотицки, директор на РТВ Украина за Рацин.мк: Ja спречуваме пропагандата на Кремљ и ги разоткриваме воените злосторства на Русија

February 13, 2023

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Чернотицки, директор на РТВ Украина за Рацин.мк: Ja спречуваме пропагандата на Кремљ и ги разоткриваме воените злосторства на Русија

February 13, 2023 20:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во ова ексклузивно интервју за порталот Рацин.мк, првиот човек на Јавниот радиодифузен сервис на Украина (Національна суспільна телерадіокомпанія України, или скратено Суспільне України) Миколај Чернотицки говори за работата на новинарите и медиумските работници на државната телевизија во услови на војна, за борбата за спречување на дезинформациите на Русија и за откривањето на воените злосторства на руските воени формации.

Интервјуто го реализираше: МИРЈАНА ВАСИЛЕВА / РАЦИН.МК

Условите во кои работат украинските новинари се многу тешки, особено колегите во вашиот Јавен радиодифузен сервис (Національна суспільна телерадіокомпанія України, или скратено Суспільне України). Пренесете ја за македонската јавност атмосферата, условите во кои работите. Како ги пренесувате информациите во етерот откако мета на руското бомбардирање беа и телекомуникациската инфраструктура на јавната радиотелевизија на Украина?

Чернотицки: „Суспилне Украини“ е најголемата независна медиумска компанија во Украина, кон која луѓето секогаш се обраќаат во кризни ситуации, бидејќи им веруваат на вестите на јавниот радиодифузер. Ги има националните ТВ канали Pershyi, Suspilne Kultura, 24 регионални канали, 3 радио станици со најголема регионална мрежа; 139 страници на дигитални платформи.

Со почетокот на војната, „Суспилне Украини“ требаше да исполни три главни задачи: да обезбеди непречено функционирање на медиумската компанија; да создаде услови за безбедна работа на вработените; и навремено да им обезбеди проверени информации на Украинците преку сите можни канали за комуникација.

ТВ-кулите во Кијив и Харкив беа погодени со проектили во првите денови од војната. Привремено окупираните дописништва на „Суспилне Украини“ во Керсон, а оние во Северодонецк, Харкив и Миколаив беа тешко оштетени.

Голем број наши вработени им се придружија на официјалните униформирани воени сили за да ја одбранат Украина. Тројца вработени во „Суспилне Украини“ паднаа во заробеништво. Европската радиодифузна унија се вклучи да ослободи еден од нив.

И покрај тоа, од првиот ден на војната, Јавната радиотелевизиска компанија работеше без прекин, со целосна одговорност соочена со новата ситуација.

Беа развиени неколку кризни сценарија, благодарение на кои беше можно да се прегрупира компанијата. Седиштето и централната радиодифузија беа преместени од Киив во Лавов. Компанијата сега е во процес на трансформација. Создаваме неколку нови продукциски центри и критични инфраструктурни објекти низ целата земја. Нашата определба е да обезбедуваме непречено функционирање на „Суспилне Украини“ под какви било закани.

Го зајакнавме безбедносниот протокол за работа во услови на војна. За време на воздушни аларми, сите вработени мора да одат во засолниште, но затоа се прилагодиме беше да емитуваме програма од засолништата. Железно правило е сите вработени во „Суспилне Украини“ да одат во засолништето за време на предупредување за воздушен напад. Така добивме нова вештина. Дури и за време на ракетен напад, студиото работи. Важно беше да се обезбеди непречено емитување, вклучително и за време на воздушни напади, но најважно беше да ги заштитиме животите на луѓето.

Работат сите подрачни подружници. Имаше градови во близина на фронтот каде што останаа да работат само дописниците од „Суспилне Украини“. Исто така и другите канали ни се обратија за да ја емитуваат и нивната програма и информации, а ние како јавен радиодифузер, го обезбедивме тоа за да ја шириме вистината за војната што е можно повеќе.

Добивме голема поддршка и од меѓународните партнери, вклучително и од Европската радиодифузна унија. Нашите  новинари добија панцири. Обезбедивме осигурување за дописниците кои работат во воените зони и жаришта.

Од 24 февруари, од почетокот на војната, благодарение на работата на сите платформи, Јавниот радиодифузер на Украинците им обезбедува вести од примарни извори 24 часа секој ден во неделата.

Државното Украинско радио се вклучи на средни фреквенции што тешко се блокираат и благодарение на ова, Украина беше во контакт со сите граѓани, каде и да беа, односно на окупираните територии, на пат, без комуникација и или интернет. Радиото пренесуваше информации и спаси животи. Со помош на радиото, властите известуваа за коридорите за евакуација, вклучувајќи ги и оние во Мариупол.

„Суспилне Украини“ алармираше за воздушни напади користејќи радио и дигитални мрежи. Публиката на социјалните мрежи на „Суспилне Украини“ се зголеми за 2,5 пати и достигна 6 милиони претплатници. Ги отворивме со слободен пристап  сите верзии на ТВ и радио платформите на „Суспилне Украини“ за да стигнат вестите за руската агресија насекаде во светот.

Вашиот јавен сервис е член на Европската радиодифузна унија (EBU). Kако продолжи таа соработка кога станува збор за комуникацискиот систем за меѓународна размена и во услови војна кога се „вртат“ голем број дезинформации и лажни вести?

Од самиот почеток на војната една од најплодните сфери на соработка за „Суспилне Украини“ беше учеството во Евровизиската размена на вести. Го лансиравме нашиот сервис NewsHouse и сега вестите на јавната украинска радио-телевизија во системот на EBU е значително зголемена.

Ова е клучно во однос на војната, бидејќи на европската публика ѝ даваме јасни и веродостојни информации за војната во Украина, и, што е уште поважно, го спречуваме ширењето на пропагандата на Кремљ, лагите за нивните воени дејствија и ги разоткриваме воените злосторства на Русија.

EBU и членовите на радиодифузерите ни обезбедуваат фантастична поддршка уште од првите денови на војната, како на човечко така и на техничко ниво: обезбедувањето на Starlinks, сателитските телефони, дизел генератори; одржување настани за солидарност во Украина; ширење на нашите ТВ и радио преноси на нивните платформи во странство; подготовка на содржината на украински јазик за наши државјани кои мораa да побараат засолниште во европските земји.

Новинарите од „Суспилне Украини“ помагаат во документирање на злосторствата на Русите како дел од глобалната иницијатива „Скрши го циклусот на неказнивост на руските воени злосторства“, на наше

барање членството на руските медиуми во EBU е суспендирано, а Русија беше елиминирана од Евровизија 2022 година.

Поради војната, победникот на песната на Евровизија, Украина ѝ дозволи на Велика Британија да биде организатор на ова шоу во име на вашата земја? Дали очекувате ова ваше право наскоро да го остварите во вашата земја?

Во декември, големото финале на украинскиот национален избор за Песна на Евровизија 2023 беше емитувано во живо на „Суспилне Украини“. Натпреварот се одржа под земја, на метро станица во Киив на длабочина од 90 метри. Творчи со песната „Челично срце“ победи на натпреварот. Тие беа избрани со комбинација на јавно гласање и жири. Бендот доби шанса да ја претставува Украина на големото финале на Евровизија 2023 со песната „Челично срце“, која зборува за храброста да се биде свој, слободен во своите постапки, изрази и мисли.

Европската радиодифузна унија и Би-Би-Си, заедно со „Суспилне Украини“ ќе бидат домаќини на Евровизија 2023 година во Велика Британија во име на Украина.

Драго ни е што Велика Британија е домаќин на Изборот за песна на Евровизија во име на Украина, што ќе му помогне на светот да дознае повеќе за украинската култура. Ние веруваме во победа и дека во блиска иднина ќе успееме да го одржиме Изборот за песна на Евровизија во мирна Украина.

Извор: РАЦИН.МК

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииМедиумипропагандаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ