• Latest

ХКМ: Во 2016 се регистрирани 70 злосторства од омраза

July 25, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХКМ: Во 2016 се регистрирани 70 злосторства од омраза

July 25, 2017 17:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права излезе со Годишен извештај за криминалот од омраза во 2016. Според извештајот, во споредба со 2015, минатата година има зголемување од 60% во бројот на инциденти чиј поттикнувач е омразата.

Најголем број од инцидентите биле регистрирани од медиумите или од Министерството за внатрешни работи, а само три биле пријавени од Хелсиншкиот комитет. Во 2016 година биле регистрирани вкупно 70 злосторства од омраза!

Според извештајот, најмногу инциденти се случиле во Скопје, а мал дел, во близина на автопатот по кој бегалците и мигрантите се движат на својот пат до Европската унија. Некои злосторства од омраза се извршени како одмазда, или како казна за претходни инциденти од млади лица, а се од меѓуетнички карактер.

Бегалците и мигрантите што транзитираат преку територијата на земјата и во 2016 биле изложени на голем
ризик да станат жртви на злосторства од омраза.

Во извештајот е констатиран зголемен интензитет на говор на омраза кај политичарите за време на јавни дебати и во текот на предизборните кампањи, што доведува до извршување на злосторства од омраза од страна на нивните поддржувачи.

Според препораките во извештајот на Хелсиншкиот комитет, треба да се преземат соодветни мерки за да се олесни пријавувањето злосторства од омраза од жртвите и, исто така, колку што е можно повеќе, да се зајакнат здруженијата за нивна поддршка, вклучувајќи и мерки за градење доверба кај полицијата и кај другите државни институции.

Искуствата на земјите-членки на ЕУ за проширување на опсегот на казниви дела за злосторства од омраза во рамките на нивното кривично законодавство, со вклучување на други мотиви за пристрасност за овие дела, како и  навремена и ефикасна истрага и гонење на злосторствата од омраза, земајќи ги предвид мотивите за пристрасност во текот на целата кривична постапка се, исто така, дел од препораките во Извештајот.

 

Tags: злосторствоизвештајомразапрепоракиХелсиншки Комитет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ