„Гласам за“, „Се знае, да одиме напред, не само да тапкаме во место“, „За референдумот треба да се излезе“ велат дел од одговорите на граѓан(к)ите во скопската Стара чаршија, на анкета на ЦИВИЛ Медиа.
„Што да мислиме, се надеваме дека ќе биде подобро, да одиме напред, затоа што сме се затвориле некако, без работа, без ништо, се надевам дека ќе помине добро“, вели еден граѓанин.
Пораката на друг граѓанин е дека се надева дека референдумот ќе биде успешен, и се надева на подобро.
„Треба да бидеме дел од Европската унија и НАТО“, вели тој.
Ариан Мехмети
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
Анкетата е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“