• Latest

Дали Мицкоски ја води државата кон кинеско финансиско ропство?

July 29, 2024
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Дали Мицкоски ја води државата кон кинеско финансиско ропство?

July 29, 2024 15:33
in ЕКОНОМИЈА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Да се потсетиме што всушност објави ЦИВИЛ Медиа во анализата „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“, пишува Авторот Драган Мишев, во анализата Скопје – Пекинг виа Будимпешта, во која се осврнува на милијардата евра, со која беше најавено дека ќе се задолжи нашата земја од друга држава, дека ќе бидат кинески пари, особено откако премиерот Мицкоски, обзнани дека заемот, но не во висина од најавената милијарда евра, туку двојно помал, го договорил со нему блискиот премиер на Унгарија.

Анализата на Мишев е фактички вивисекција на „грандиозните“ најави на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, за уште по „грандиозното“ задолжување на државата, со уште по сомнителни финансиски извори, за што впрочем и станува збор во горенаведената анализа „Копирајќи го Вучиќ, дали Мицкоски ја врти Македонија кон Кина“, која на крајот од денот – или од случувањата, дава одговор на прашањето во насловот.

Тогашниот мандатар, а сегашен премиер на Северна Македонија, при гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, најави дека, веднаш по формирањето на новата влада, државата ќе се задолжи една милијарда евра, заем од друга држава, и тоа не од меѓународни финансиски институции, туку на ниво на соработка влада со влада.

Новинарот не (се осмели да) го праша ниту за која влада се работи, ниту кога и од која позиција го договарал задолжувањето, што јасно ја покажува идната сервилна поставеност на оваа телевизија, кон работата на идната Влада, пример кој е за очекување дека ќе го следат и другите телевизии со национална концесија, веќе видено во некои не толку далечни времиња, за кои се надевавме дека ги оставивме зад нас.

Сепак, може да се насети дека, најверојатно се работи за кинески кредити. Според познавачите, во моментов Кина е можеби единствената земја која може да си дозволи издвојување на толкава сума пари за директно кредитирање во странство.

Мицкоски нагласи дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности.

„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови, со добар грејс период, со исклучително атрактивна каматна стапка“, рече Мицкоски, потврдувајќи дека станува збор за кредит од друга држава, но не откри други детали.

Ова претставува опасност од воспоставување на финансиско ропство на државата. Имено, на ваков начин Кина ги колонизира сиромашните африкански земји, а во една таква финансиско-должничка спирала се фати и една соседна држава, чиј претседател се чини дека претставува рол-модел за владеење на идниот македонски премиер, по што може уште отсега да се насети во кој правец ќе се движи државата под водство на премиерот во најава.“ се наведува мешу другото во анализата на Мишев.

Д. Т.


Скопје – Пекинг виа Будимпешта

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ