• Latest

Даниеслон: Референдумот ќе ја креира иднината на следните генерации

August 29, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Даниеслон: Референдумот ќе ја креира иднината на следните генерации

August 29, 2018 14:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на вашата земја и тој избор ќе има последици за идните генерации. Ве повикувам да го искористите вашето демократско право и да гласате на претстојниот референдум.

Ова денеска го изјави директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија Кристијан Даниелсон на отворањето на серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно“.

Тој упати честитки до премиерот и до македонските институции за постигнување на Договорот со Грција за решавање на прашањето со името што, според него, го отвора патот на земјава кон Европа.

ЕУ дијалози

Во врска со стартот на денешната кампања на Делегацијата на ЕК во Македонија, Даниелсон рече дека граѓаните се во основата на оваа идеја, но, како што кажа, самиот `рбет да се спроведат овие дијалози се општините кои треба да ги обезбедат вистинските услови справувајќи се со реалните проблеми на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев на почнувањето на кампањата рече оти ова не е ниту прва, ниту последна кампања на ЕУ во земјава и е една од низата со кои нашите европски пријатели и партнери не потсетуваат дека имаме заедничка сегашност која ја градиме веќе две децении на патот до нашето полноправно членство во Унијата.

– Република Македонија го направи изборот. Избра иднина наместо неизвесна и бесмислена изолација. По првпат во својата историја Македонија седна на маса како рамноправен партнер за да преговара и да одлучи за својата иднина. Тоа досега не се случило. За нејзината иднина се одлучувало без нејзино присуство. Ние рековме не за нас, за нашата иднина ќе разговарате со нас, рече Заев.

Тој посочи дека наспроти заканите покажале храброст, достоинство и политички став и оти признанијата потоа дошле и како датум за преговори со ЕУ и како покана за завршниот процес за пристапување кон НАТО.

ЕУ дијалози

Заев потсети дека како фонд за претпристапниот фонд од 2007 до 2020 вкупната годишна ЕУ-помош за Македонија изнесува над 90 милиони евра.

Тоа се 260.000 евра дневно, 15,5 милиони евра годишно влегуваат за Македонија преку ЕУ-програмата за транспорт, граѓаните на ЕУ издвојуваат 8,5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија за 2018 за нашата безбедност. Петнаесет милиони евра европски пари се планирани за земјоделството за 2019, додека 18 милиони евра во 2020 за реформи во правосудството и во полицијата во земјава. Заев додаде дека на претстојниот референдум ќе се направи последниот чекор за да се заврши изградбата на земјата според европските правила и на 30 септември граѓаните да ги обедини мудроста.

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар рече дека преку ЕУ-фондови во изминатите 20 години се внесени една милијарда евра европски пари преку проекти што генерирале огромни резултати.

– ЕУ работи како партнер за да се подобри животот на сите граѓани. Преку овие активности секој граѓанин може да даде свој придонес на промената што сака да ја види во својата општина. Можеме да ја замислиме нашата иднина заедно. Ќе им докажеме на граѓаните дека нивниот глас се смета за важен. Наша цел е да слушаме и да разбереме, рече Жбогар на формалното отпочнување на кампањата на ЕУ – дијалози со граѓаните. (МИА)

Tags: дијалогДоговор со ГрцијаЕвропска УнијаЗоран ЗаевКристијан ДаниелсонМакедонијаНАТОПремиерреферендумСамуел Жбогар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ