Соработката меѓу Собранието и граѓанските организации, особено од аспект на законодавни иницијативи кои се однесуваат на различни човекови права, а се поттикнати од самите граѓани, е темата на денешната кнференција во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Искуството во иницирање и барање промена во конкретни закони во изминатите две години ќе го пренесат претставници од Здружението за поддршка на лица со Вилсонова болест – Вилсон Македонија, Институтот за човекови права, Млади европски федералисти (ЏЕФ) и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – Инклузива кои бараа измени и дополнувања на различни закони, како и носење на нови.
На конференцијата предвидено е да се обратат и пратениците Ивана Туфегџиќ и Павле Богоевски, кои ќе дадат осврт на конкретните чекори кои Собранието ги превзема во насока на подобрување на соработката со граѓанските организаци.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.