• Latest

Дебата на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“: Потребни се активни млади, но и политичари што ќе ги вклучат во носењето на одлуки

December 22, 2022
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дебата на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“: Потребни се активни млади, но и политичари што ќе ги вклучат во носењето на одлуки

December 22, 2022 12:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Преземање на конкретни мерки за справување со корупцијата која е една од главните причини за иселување на младите, суштински промени во образованието и активна младина која директно ќе учествува во креирање политики и носење одлуки на сите нивоа – ова се дел од заклучоците на дебатата „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ организирана од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“, во соработка со Клубот за младински политики при Собранието.

Млади, претставници на младински организации и политичари отворено разговараа за дел од најважните прашања, предизвици и проблеми поврзани со младинскиот стандард како  спроведувањето на законите што ги засегаат нив, за лошите услови во образованието и државната поддршка за студентите и учениците, но и за конкретни мерки за справување со партизација на општеството и корупцијата, како и потребата од дигитализација за да се намали истата.

Целта на ваквите дискусии, нагласија организаторите, е да се води отворен дијалог на различни нивоа, јавно да се зборува за проблемите кои ги мачат младите, но и заеднички да се дојде до решенија кои може да ги преземат креаторите на политики, а со кои ќе се подобри младинскиот стандард. За таа цел, од овој настан ќе биде изработен документ со политики и предолг активности со цел да стане составен дел од Акцискиот план за работа на собранискиот Клуб за младински прашања и политики.

За пратеничката Моника Зајкова, факт е дека младинскиот стандард не е на она ниво на кое што треба да биде и само преку заедничка работа и јавни дискусии може да се менуваат аномалиите на системот. Таа ги повика сите млади со свој личен придонес да се вклучат во процесите и да поттикнат промени.

“Очекувам од секоја млада личност која детектирала проблеми и има идеи за нивно надминување да ни се обрати и да креираме конкретни мерки и решенија. Да го искористиме моментот што во Собранието имаме млади пратеници кои се издигаат над партиските опции и сакаат да работат во интерес на младите. Да почнеме заеднички да ги менуваме работите,“ порача Зајкова.

Според Зајкова, која е најмладиот лидер на парламентарната политичка партија ЛДП и претседателка на Клубот на млади пратеници, најголем проблем кој влијае врз стандардот на младите и иселувањето е лошиот концепт на образование како и правната несигурност.

„За да направиме огромна реформа и во правосудството, треба да го менуваме менталитетот, треба да постои политичка волја и консензус за промена на легислативата и за тоа како се однесуваат институциите“, рече Зајкова.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ, кој е член на собранискиот Клуб за младински политики, нагласи дека доколку сакаме значителни промени единствен начин е младите активно да се вклучат и да се обидат да ги променат нештата.

„Ако погледнеме наназад во изминативе 30 години, најкрупните мерки или промени во државава ги правеле младите. Никој нема ништо да ни даде како млади луѓе, напротив треба сами, со многу работа и труд да се избориме и добиеме шанса, а кога ќе ја добиеме да ја искористиме и да направиме разлика во општеството. Да не се повлекуваме пред предизвикот и да покажеме дека сме подеднакво квалитетни, а многу често и дека имаме и подобри квалификации“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски смета дека е неопходно младите многу повеќе да бидат консултирани и вклучени во носењето на закони.

„Најдобриот начин да ги промените работите е да влезете храбро во институциите и да се обидете да ги промените. Ако сум во Собрание не сакам да бидам невидлив, туку најактивен оти само така може да ги променам работите. Не да бидам само бројка од некоја институција, туку да станам и важен чинител во процесите на носење на одлуки“, потенцираше Стојаноски.

„Младите не се само иднината туку и сегашноста и затоа ние како пратеници треба да работиме да креираме услови за младите овде“, изјави пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири од ДУИ, која, исто така, е членка на Клубот за младински политики при Собранието. И таа ги повика сите млади и младинските организации со конкретни предлози да се вклучат во изработката на новата Стратегија за млади која е во тек.

„Потребна е законска рамка за ефикасна работа на институциите за млади, буџет за млади, децентрализирање на политика за млади, младинско истражување, учество на млади на сите нивоа, меѓу-секторска соработка, иновации и советодавни тела за млади со цел да се осигура консултација меѓу институциите и младински организации кои ќе имаат мандат да влијаат врз властите за прашања кои ги засегаат,“ рече пратеничката Бектеши Шаќири.

Од особена важност за младите е што ние како пратеници треба да придонесеме за нив, посочи пратеничката.

„Што е досега од наша страна направено и што треба да се направи во иднина. Како младите да се вклучат во процесите на одлучување преку врсничка едукација, водење и учество во локалните младински совети, младинските парламенти, форуми итн. Важен е т.н. ко-менаџмент систем по примерот на Советот на Европа, каде одлуките се носат заедно со младите и нивните младински претставници“, посочи Бектеши Шаќири.

Tags: дебатаевро-атлантски перспективимладимладински стандардобразование
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ