• Latest

Дење убивале, ноќе славеле – Сараево сафари, повеќе од воено злосторство

February 23, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Дење убивале, ноќе славеле – Сараево сафари, повеќе од воено злосторство

February 23, 2026 13:00
in ИСТОРИЈА, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови наводи и историски контекст на случајот „Сараево сафари“

Триесет години по опсадата на Сараево, приказната за таканареченото „Сараево сафари“ повторно ја отвора најмрачната можна димензија на војната во Босна и Херцеговина – тврдењата дека убиството на цивили било претворено во платена „атракција“ за странски посетители. Она што со години се појавуваше во фрагментарни сведоштва и маргинализирани истражувања, денес добива конкретна правна рамка, засилено медиумско внимание и нов бран политички и морални прашања во регионот.

Лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на сведоци, објави дека богати странци, меѓу кои и неименувана Романка, пукале врз цивили од позиции околу опколениот град, вклучително и од Еврејските гробишта – една од клучните точки од кои силите на босанските Срби ја контролираа линијата на огнот кон градот, пренесува Телеграф. Поранешниот доброволец Александар Личанин сведочи дека видел „добро облечени странци“ како заземаат снајперски позиции. Според него, тие целеле жени, деца и стари лица, плаќајќи над 100 евра за „привилегијата“, при што наводно повисока цена се плаќала за погодено дете. „Славеа убивање луѓе. Не можам да замислам како може да се живее со тоа дека си убил дете“, изјавил Личанин за Тајмс.

Поранешниот началник на сараевската полиција Златко Милетиќ зборува за романски снајперист што убил повеќе од десет лица и за странски стрелци кои биле „длабоко вкопани и тешки за неутрализирање“. Поранешниот босански разузнавач Един Субашиќ изјави дека се сретнал со пет италијански снајперисти и дека италијанските служби уште во 1994 година биле информирани за вакви „туристички стрелци“ кои заминувале од Трст.

За време на четиригодишната опсада на Сараево беа убиени повеќе од 11.500 цивили. Наводите за „снајперски туризам“ со години циркулираа во јавноста, но во голема мера беа игнорирани или третирани како недокажани гласини. Денес, со отворањето на истраги и со нови сведоштва, тие добиваат поинаква тежина.

Италијанската истрага и сведоштвата од документарниот филм

Правниот пресврт доаѓа од Италија. Според АНСА и италијанските медиуми, Обвинителството во Милано, под координација на обвинителот Алесандро Гобис, води истрага против 80-годишен поранешен возач на камион од покраината Порденоне. Тој е осомничен за „соучество со други засега непознати лица“ во злосторнички план што довел до смрт на невооружени цивили во Сараево меѓу 1992 и 1995 година. Делото е квалификувано како „убиство со ниски мотиви“. Според собраните сведоштва, осомничениот наводно се фалел дека „ловел луѓе“ во Сараево. При претрес во неговиот дом биле пронајдени седум парчиња оружје што легално ги поседувал, пишува Љубомир Костовски, во анализа за Цивил Медиа, „САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град“.

Истрагата беше покрената по кривична пријава поднесена од писателот и новинар Езио Гавацени, кој се повикува на изјавите на Един Субашиќ за контакти меѓу босанските и италијанските служби во врска со „туристичките стрелци“.

Клучна улога во актуелизацијата на случајот одигра документарниот филм „Сараево Сафари“ на словенечкиот режисер Миран Жупанич, прикажан во 2022 година на фестивалот AJB DOC.

Документарецот  зборува за организиран „лов на луѓе“ во опколениот град, во кој, според сведоштвата, учествувале богати странци – Американци, Канаѓани, Руси и Италијанци – со логистичка поддршка од позиции на Војската на Република Српска. Еден сведок во филмот тврди дека тарифите биле повисоки ако било погодено дете, а „клиентите“ биле транспортирани и со хеликоптери, се наведува во анализата на Цивил Медиа.

Режисерот Жупанич изјави дека филмот отвора повеќе прашања отколку што дава одговори и дека клучното прашање е зошто, доколку феноменот бил познат, никој не интервенирал. Филмот предизвика остри реакции во Република Српска, каде што беше оценет како „сатанизација на Србите“, а беа најавувани и можни правни постапки.

Политички импликации и прашање на одговорноста

Во јавната дебата повторно се појави името на Славко Алексиќ, командант на „Новосараевскиот четнички одред“, чија единица делувала во областа Грбавица и Еврејските гробишта. Во Федерацијата БиХ тој е запаметен како симбол на снајперскиот терор врз цивили, додека во Република Српска беше третиран како херој. По неговата смрт, Милорад Додик го опиша како „голем патриот“ кој „чесно и одговорно ги извршувал своите должности“.

Алексиќ ги негираше наводите за „Сараевско сафари“ и тврдеше дека нема „ни зрно вистина“ во обвинувањата дека Александар Вучиќ бил доброволец во неговата единица. Сепак, Вучиќ во интервју за „Дуга“ во 1994 година изјавил дека „кога започна војната во Босна, отидов во српско Сараево и се пријавив како волонтер“ и дека „бев на еврејските гробишта некое време“, пишува Слободна Босна. Неговата изјава од 1995 година – „убијте еден Србин, ние ќе убиеме сто муслимани“ – останува една од најконтроверзните политички пораки од тој период, и покрај подоцнежните обиди да ја релативизира.

Наводите дека Вучиќ бил преведувач за странски снајперисти тој ги демантираше, а во моментов нема јавно достапни правно одржливи докази за негова директна вмешаност. Но, неговото присуство на позиции од кои се пукаше врз Сараево носи политичка и морална тежина што повторно станува дел од меѓународната перцепција.

Претседателката на Хелсиншкиот одбор за човекови права во Србија, Соња Бисерко во изјава  за Слободна Босна, предупредува дека доколку обвинувањата се потврдат, нема да станува збор само за воено злосторство, туку за доказ за „дехуманизација што ја надминува идеологијата“ и навлегува во „култура на насилство“. Таа оценува дека приказната се отвора по триесет години затоа што општествата дури сега стануваат подготвени да се соочат со она што претходно не можеле да го поднесат.

На прашање дали очекува овој случај да има судски епилог, Бисерко е песимистична.

“Многу тешко. Триесет години откако се извршени злосторствата, многу е тешко да се навлезе во балистика и докажување на идентитетот. Сигурен сум дека судот во Србија нема да се занимава со тоа. Сепак, можно е постапката да биде покрената во Босна и Херцеговина, но дури и тоа е доста неизвесно.

Сведоци сме на глобален колапс на довербата во институциите и почеток на отворање на архивите: сведоците кои молчеле проговоруваат, се покренуваат истраги кои не се политички. Ова е длабока криза на легитимитетот на елитата. Се појавуваат приказни од различни страни, како што е ловот на цивили или, на пример, скандалот Епстин кој открива како западните моќни луѓе се обидуваат да ја прикријат аферата итн. Ако се потврди „Сараевското сафари“, работите ќе се префрлат од сферата на воените злосторства во сферата на антрополошката деградација. Ако пукањето врз цивили стана купено искуство, војната повеќе не е само политика, туку пазар за насилство.

Од друга страна, поминаа триесет години од тој гнасен злостор, што е клучна пресвртница во студиите за меморијата. Директните сторители почнуваат да умираат, сведоците проговоруваат, а политичката заштита слабее. Она што е вознемирувачко не е само бруталноста, туку и фактот дека ова зло било можно и – толерирано.

А за Епстин, на пример, се зборува со децении, првпат беше осуден во 2009 година. Сепак, моќните продолжија да се дружат со него. Сега кога скандалот достигна такви размери што кралот Чарлс го апси својот брат, принцот Ендру, за да ја спаси монархијата, не би ме изненадило ако, откако стравот навистина ќе помине, оние што можат да сведочат за „Сараевското сафари“ почнат да се јавуваат, заклучува Бисерко.

Дали италијанската истрага ќе резултира со судски пресуди останува неизвесно. Но, повторното отворање на случајот го враќа во јавниот простор прашањето што оди подалеку од индивидуалната вина: како било можно убиството на цивили да се претвори во платена забава и што значи тоа за начинот на кој регионот и светот се соочуваат со сопственото минато.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ