• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Наодите за Мерко „загубени“ во судските лавиринти; социјалните мрежи се местата на организирање на антиродовите движења кај нас

June 23, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Наодите за Мерко „загубени“ во судските лавиринти; социјалните мрежи се местата на организирање на антиродовите движења кај нас

June 23, 2023 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДКСК за случајот Мерко: Наодите беа најдени пред четири години, надлежните требаше да постапат

Не требаат 8 000 километри за некој да дојде до наодите. Тие се најдени уште пред четири години. Не требало да се чека однадвор некој да ни кажува дека постојат наоди. Напротив, надлежните требале да постапат по нашите наоди, по наодите на Државниот завод за ревизија, зашто само на тој начин можеме да го зајакнуваме контролниот систем, системот на интегритет на институциите и довербата на граѓаните.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Со жалење можам да потврдам дека социјалните мрежи во последните неколку месеци се местото на организирање на првите антиродови движења кај нас, кои се полни со говор на омраза, омаловажување, стигматизирање, а тоа е она што особено загрижува. Новиот Закон за родова еднаквост, на кој повеќе од посветено работи Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, е цел на овие движења, кои воопшто не се во насока на проевропските аспирации кои ги негуваме како држава и како Влада. Закон кој треба да промовира еднаквост, можности за сите, создава жигосување и нетолеранција, изјави  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УЈП Соочена со закани од генерален штрајк кој реално може да предизвика колапс на економското работење, директорката на УЈП Соња Лукаревска изразува верба дека сепак ќе се најде заедничко прифатливо решение.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието.

ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков, кому му го честиташе мандатот посакувајќи му  успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

БРЕГЗИТ Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење

ИЗБОРИ ГРЦИЈА Меѓу 19 и 21 отсто се движи разликата меѓу Нова демократија и СИРЗА според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција за телевизиите Алфа и Скај во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.

БУГАРИЈА Владата не се распаѓа, но треба јасно да се определи нејзиниот карактер, дали е реформаторска или влада-параван, изјави пратеникот од партијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДП), Христо Иванов.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Руските затвореници кои Путин го ослободи од издржување затворски казни за тешки кривични дела, силувања и убиства, за да се борат за озлогласената парамилитантна група Вагнер во Украина, при враќањето од фронтот дивеат по улиците на руските градови..

*

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер го обвини рускиот врв дека го лаже Владимир Путин за размерите на руските загуби и неуспеси во Украина.

*

Минирањето на АЕЦ Запорижја и другите форми на милитаризација од страна на Русија претставуваат непосредна закана од нуклеарен инцидент во најголемата нуклеарна централа во Европа. Според информациите на украинските разузнавачки агенции, Русија разгледува сценарио за извршување на терористички акт на привремено окупираната АЕЦ Запорижја, соопштуваат од МНР на Украина во врска со загрозувачката ситуација во АЕЦ Запорижја.

АЛ-ПРЕС

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово, а во северна Митровица синоќа повторно имаше експлозии,  јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ – ПРЕС.

МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Mораме многу да работиме на тоа како се разбира поимот мултикултурализам

 

Димитриевски: Мултикултурализмот подразбира не само разбирање помеѓу политичарите, туку првенствено, секојдневно функционирање на сите граѓани коишто живеат во една општина и една држава

ИНТЕРВЈУ

Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург во Скопје, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, Филип Донкел во разговор за ЦИВИЛ Медиа вели дека сега е навистина моментот за Северна Македонија да продожи да ја споделува својата сила и моќ да оди напред кон Европската унија.

АНАЛИЗИ

Албанската државна полиција пред два дена  изврши опсежна контрола во кампот на Муџахедините – МЕК , во Манза, Драч, по решение донесено од Судот во Тирана, известуваат албанските медиуми. Полицијата соопшти дека контролата се извршила по барање на СПАК и наредба на ЃККО, но не ја соопштија причината за контролите, нагласувајќи дека се ќе биде откриено во наредното соопштение,  бидејќи станува збор за важна одлука, која се случува неколку недели пред годишниот Самит на Муџахедините на МЕК во Тирана, кои дојдоа во Албанија на барање на Стејт Департментот, пишува Дијана Тахири во анализата „Полицискиот упад во муџахединскиот камп во Драч, причини и конторверзии“

 

Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиинтервјуаМултикултура
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ