• Latest
Фото: ЦивилМедиа

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни во остварувањето на човековите права

June 23, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни во остварувањето на човековите права

June 23, 2023 13:17
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ЦивилМедиа

Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска учествува на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора.

Конференцијата ја отвори министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека, кој беше воедно и домаќин на настанот. Воведно обраќање имаше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а учествуваа министри на земјите од регионот, претставници на меѓународни организации и Европската Унија.

Министерката Тренчевска, како што соопшти МТСП, се обрати на панелот „Борбата против говорот на омраза–современа област на антидискриминацијата“, каде што се осврна на стереотипите за родовите улоги во општеството, за говорот на омраза, како и за одговорноста на секој поединец во општеството особено  јавните личности за почитување на човековите права и ненасилна комуникација.

-Неинформираноста и неприфаќањето на различностите се дел од клучните причини за постоење на стереотипи и предрасуди за жените и мажите во општеството. Секој стереотип и предрасуда води кон дискриминација, нееднаков третман и непочитување на луѓето, а тоа води кон кршење на човековите права и општествените вредности, посочи Тренчевска.

Таа се осврна на состојбата на ова прашањето за родова еднаквост и говорот на омраза во македонското општество, при што истакна дека е направен огромен исчекор напред во последните пет години.

-Во овој момент имаме 43 отсто жени пратенички во Парламентот, 35 проценти жени советнички во локалните самоуправи и пет жени министерки. Но тоа не е доволно да кажеме дека нашето општество е родово сензитивно и дека де факто овозможува еднакви можности. Колку повеќе жените се присутни во процесите на одлучување, толку повеќе говорот на омраза во медиумите е изразен, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека и покрај посветеноста и  напорите кои што се  вложуваат во сензибилизација на општеството, говорот на омраза е една од најчестите форми на нетолеранција и ксенофобија.

-Со жалење можам да потврдам дека социјалните мрежи во последните неколку месеци се местото на организирање на првите антиродови движења кај нас, кои се полни со говор на омраза, омаловажување, стигматизирање, а тоа е она што особено загрижува. Новиот Закон за родова еднаквост, на кој повеќе од посветено работи Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, е цел на овие движења, кои воопшто не се во насока на проевропските аспирации кои ги негуваме како држава и како Влада. Закон кој треба да промовира еднаквост, можности за сите, создава жигосување и нетолеранција, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека одговорност кон почитување на човековите права и  ненасилна комуникација има секој поединец во општеството, посебно кога станува збор за личности кои се дел од јавниот живот.

-Реакција кон родово заснованиот говор на омраза во јавноста не треба да има само од жени, што најчесто е случај, туку подеднаква одговорност треба да покажат и мажите кои се дел од јавниот живот. Родовата еднаквост не е само женско прашање, таа е прашање за основните човекови права, истакна Тренчевска.

На панел дискусијата стана збор и за говорот на омраза, кој особено стана  изразен со појавата и ширењето на употребата на интернетот и друштвените мрежи. Во таа насока,  министерката посочи дека младите жени, жените од јавниот живот и жените политичарки се мета на говор на омраза во секојдневното живеење.

-Како жена и како министерка за труд и социјална политика, секогаш стојам за солидарноста, одговорноста и праведноста и со таа намера стојам и во одбрана на жените кои се мета на говор на омраза на интернет и воедно и јас имам поднесено кривични пријави против оние кои шират говор на омраза, истакна Тренчевска.

Министерката информираше и дека, во месец март оваа година, Министерството за труд и социјална политика преку кампањата „Гласна и храбра“ покажа колку е важно да се зборува гласно за говорот на омраза, да се даде поддршка на секоја жена, но и да се охрабри секоја жена. Притоа, нагласи дека во периодот кој доаѓа во соработка со Советот на Европа ќе се работи на темата насилство преку интернет, каде што фокусот ќе бидат младите лица, со цел зајакнување на младите за препознавање на насилството и родовата еднаквост.

-Борбата против родово заснованиот говор на омраза и дискриминацијата кон жените е проблем кој ги засега сите земји во регионот. Анти – родовите движења се присутни насекаде, со основна цел да ја подријат демократијата во нашите современи општества. Затоа е потребна поголема регионална соработка, заеднички активности, на кои ќе се фокусираме во иднина и кои ќе бидат гарант за владеење на еднаквоста. Токму тука можеме да започнеме платформа за заеднички одговор кон говорот на омраза насочен кон жените. Ќе повторам – силни сме, храбри и одлучни, порача Тренчевска на меѓународната конференција во Црна Гора. 

Tags: говор на омразадискриминацијаЈованка ТренчевскаМТСПчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ