ВЕСТ НА ДЕНОТ
Три години затвор за сопственикот на „ДоказМ“, Марјан Стаменковски
Единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, објави денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Столтенберг: НАТО ја помага Северна Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите
„НАТО е тука да ги помага и поддржува сојузниците и сега даваме помош и поддршка на Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер напади“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Нема потврда дека Русите наводно ја презеле контролата над украинскиот град Бахмут во Доњецката област, но има докази дека вооружените сили на Украина продолжуваат да го бранат градот, а таму се водат жестоки борби, пренесува Укринформ.
Украинската амбасадорка Лариса Дир во објава на Твитер, истакнува дека „само навремената воена помош на партнерите на Украина ќе ги спаси животите на Украинците.
Парламентот на Литванија денеска одлучи да им забрани на руските граѓани да купуваат недвижен имот во таа балтичка земја, наведувајќи го ризикот за националната безбедност како причина.
Русија најверојатно се стреми да спонзорира и развие алтернативни приватни воени компании (ПВК) кои на крајот ќе ја заменат ПВК на групата Вагнер во нејзината значајна борбена улога во Украина, објави Министерството за одбрана на Обединетото Кралство на Твитер, повикувајќи се на најновото ажурирање на одбранбеното разузнавање.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА Кривичен суд со реакција за „27 април“- Апелација една година чува случаи во фиока
КОРИДОР 8 Денеска се одржа јавен настан по повод поставувањето камен-темелник на проектот Коридор 8, кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар.
74 ГОДИНИ НАТО Како рамноправни сојузници во најмоќната одбранбена алијанса во светот ја одбележуваме 74-годишнината од нејзиното основање, објави претседателот на РСМ, Стево Пендаровски на своите социјални мрежи.
ЗАБРАНА Здружението „Цар Борис Трети“ денеска е избришан од Централниот регистар по службена должност.
АЛ-ПРЕС
Поранешниот премиер и лидер на демократите во Албанија, Сали Бериша го предизвика Еди Рама да комуницираат со подкаст, албанската коалиција „Заедно победуваме“ најави референдум за проектот „Пристаниште Драч“ доколку победат на избори…
Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
ИЗБОРИ
Транспарентно политичко финанисрање – потребни измени во Изборниот законик
ЦИВИЛ подготви анализа на политичкото финансирање за предвремените парламентарни избори во 2020, чии наоди, заклучоци и препораки, дел се имплементирани дел можат да се имплементираат во новите измени и дополнување што се предвидуваат во Изборниот законик, пред изборните процеси во 2024 година.
АНАЛИЗА
„Во средината на март имаше зголемена активност на руски ботови на TikTok кои циркулираат видеа од украинската војска. За да се обезбеди потребната емотивна боја, клиповите ги придружуваа депресивна музика во позадина и натписи со манипулативни пораки.“, извадок од анализата „Зошто се бориме за Бахмут? Како руската пропаганда се обидува да ги деморализира Украинците, но не успева во тоа“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Крајно време е сите политички партии во земјава да преземат подеднаква одговорност во евроинтеграциските процеси. Тоа не подразбира само законито и транспарентно дејствување, туку и целосна одговорност и доследност во исполнувањето на националните стратешки цели и одговорност пред демократската јавност.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Кој ќе крене рака?“.
„Овој екстремен десничар, Игор Гиркин, изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин ќе му се суди за воени злосторства, само ако некој не го „задави“ по поразот од Украина. При тоа мислел, појаснил дека некој „можен Навални“ ќе го предаде во рацете на меѓународната правда.“, извадок од колумната „Игор Гиркин, еден од пците на руската војна, признава дека крајот е многу близу за агресорот врз Украина“, од авторот Љубомир Костовски.
Д. Тахири