Започна третото издание на Преспа форум дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“
Во Струга денеска започна третото издание на Преспа форум дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“. Преспа Форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски, како покровител, ќе ја предводи централната сесија на Конференцијата на тема- „5 години по Преспанскиот договор: предизвици кои создаваат можности.“
Насловна тема на годинешниот ПФД е обединета Европа како клучен фактор за долгорочната безбедност и стабилност на континентот, пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од континентот во Европската Унија.
На дводневниот форум на едно место ќе бидат присутни видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, коишто ќе имаат одлична можност да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за најактуелните регионални и меѓународни теми.
ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ
Во продолжение се линковите од денешните излагања на дел од учесниците на Преспа форум дијалогот, кои учествуваа во неколку различни панели.
Спасовски: Меѓународната соработка е клучна во управувањето со миграциите
Жаку: Младите треба да се гледаат како лидери денес, не како лидери утре
Битиќи: Трасирањето на патот кон ЕУ значи мудрост, но и многу работа
Исаки: Заеднички градиме стабилен, безбеден и просперитетен Западен Балкан
Ахмети: Не смее да има тактизирање во однос на интеграциите во ЕУ, за дневно-политички поени
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руските сили оставија 1.554 украински здравствени установи оштетени или уништени
Повеќе од 15 месеци по целосната инвазија на Русија на Украина, силите на Кремљ оштетија или уништија 1.554 медицински установи низ целата земја разурната од војна, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Украина, соопшти Укринформ.
3,5 милиони евра белгиска помош за Украина
Белгија и додели 3,5 милиони евра на Украина за да помогне во елиминирањето на последиците од руското минирање на браната на ХЕ Каховка, напиша премиерот на Украина Денис Шмихал на Телеграм, пренесува Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОТВОРЕН КАБИНЕТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Отворен Кабинет” денеска ќе биде во ОВР Струга.
ПРАВДА и охрабрувам и повикувам судиите, кои што биле анкетирани, при што констатирале или пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од претседатели на судови и од членови на Судскиот совет, слободно нека пријават, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.
УСТАВНИ ИЗМЕНИ Движењето БЕСА на Билал Касами се закани дека нема да гласа за предложените уставни измени за воведување на бугарска заедница во Преамбулата, доколку не се земе предвид нивниот предлог за отстранување на дефиницијата „20%“ за албанскиот јазик.
АЛ-ПРЕС
(ИЗБОР) Албански медиуми: Се состана Советот за безбедност на Косово; засилени контроли на границите со Србија; се бараат информации од КФОР за косовските полицајци
Во Косово денеска во утринските часови се состана Советот за безбедност, за состојбите на северот и вчерашниот инцидент со косовските полицајци. Косовската влада објави дека се засилени граничните контроли со Србија, со цел безбедност на границите.
Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Опозицијата сама на видело постави низа на прашања кои не смеат да останат без одговор. ВМРО според првиот дел на името е револуционерна организација. Што е револуционерно во конзервативната демохристијанска идеологија? Нашите парадигматични очила не сакаат да ја видат неспоивоста на поимите. Или имаш револуционерни намери да го реформираш општеството или да го менуваш еволуциски со задржување на некој вредности што се зацврстиле во колективното поведение.“, пишува Војо Маневски во колумната Парадигми.
Д. Тахири