• Latest
(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

Дерала: На Северна Македонија ѝ е потребно вистинско движење на Зелените

October 25, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Дерала: На Северна Македонија ѝ е потребно вистинско движење на Зелените

Според позициите на ЦИВИЛ кои ги претстави Дерала, треба да се изгради капацитет зелените вредности да се промовираат во сите сфери, од образованието па сѐ до пратениците и министрите, не само оние што се занимаваат со екологија.

October 25, 2019 15:02
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

(Архива на ЦИВИЛ) Од конференцијата „Зелените доаѓаат“ одржана на 25 октомври 2019 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала на конференцијата „Зелените доаѓаат“ (#ЗеленитеДоаѓаат) како пример за тоа дека светот на младите останува, ја зема активистката Грета Тунберг, која успеа да поведе „еколошка револуција“.

Дерала зборуваше и за ЦИВИЛ, организација што ги промовира зелените вредности како интегрален дела на сѐ што прави организацијата. Тој го сподели своето убедување дека зелените вредности кај нас се практично непозната категорија. Според него, зелените вредности на прво место вклучуваат почитување на човековите права и слободи, човековото достоинство. Човековите права се неделиви, не можете на некому да му дадете повеќе, а некому помалку права, исто како што не можете некому да му дадете повеќе, а некому помалку воздрух за дишење – е една од пораките што ги упати Дерала.

Според позициите на ЦИВИЛ кои ги претстави Дерала, треба да се изгради капацитет зелените вредности да се промовираат во сите сфери, од образованието па сѐ до пратениците и министрите, не само оние што се занимаваат со екологија. Со зелените вредности, како и со човековите права, не смеат да се занимаваат само одредени ресори, бидејќи тие се врзивното ткиво, како и човековите права. Посветено работиме и на социјалната правда, која е дел од зелените вредности, посветени сме на јакнење на јавната свест, затоа што таа во денешно време можеме да ја гледаме, секако, и низ призмата на еколошката правда. Тие се меѓусебно поврзани. Поради тоа, верувам дека треба тие да се гледаат во единство, во сите области.

Според Дерала, политичките партии немаат доследна практика на зелените вредности, кои реално би го промениле животот на граѓаните и додаде дека е подготвен да го брани тој став со податоци и аргументи. Исто така, според ЦИВИЛ, зелените вредности треба да станат дел од образовниот систем, а не само дел од програмите на политичките партии, што не се спроведуваат.

Во своето излагање, Дерала ја промовираше идејата за формирање на движење на Зелените во Северна Македонија.

А. Петровска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ