Барањата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори не само што не се реални во овој момент туку се и неодговорни вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Тие во својата позадина немаат ништо друго освен политички маркетинг, вели Дерала за Глас на Америка.
„Несериозно е сега да се бараат избори кога имаме и редовни избори напролет 2024 година, а среде први чекори сме во преговорите со ЕУ, среде мултикратна криза се наоѓа и светот, а не нè одминува и нас. Наместо да се приклучат кон процесите и постапките и да се справиме со кризата сите заедно, се оди на тоа да се форсира нешто што нема реални основи и нема зошто да се прават такви политички акробации“, потенцира Дерала.
Дерала очекува турбулентна на политички план година.
„Сите тие процеси започнати во контекст на ЕУ, можат да бидат и забавени, токму поради таквите состојби во политичките партии, на политичката сцена и меѓу партиите. Се разбира дека нашиот од кон Европа, кон ЕУ и нашето членство во НАТО, им пречи на одредени центри, пред се на Кремљ и тука ќе се обидат да направат проблеми, да внесат тензии во самата земја и во целиот регион“, изјави Дерала.