Џо Бајден, новоизбраниот 78-годишен претседател на САД ја прими вакцината Фајзер во болницата Кристијана во Њуарк, Делавер, пред ТВ камерите кои во живо го пренесуваа настанот.
Тој поведе кампања за јакнење на јавната свест за прифаќање на вакцината против Ковид-19.
Бајден им порача на Американците дека „нема за што да се грижат“ кога ќе се вакцинираат и дека во меѓувреме треба да продолжат да носат маски и „да ги слушаат експертите“. Неговата сопруга, како што информира тимот за односи со јавноста, ја примила вакцината претходно.