• Latest
Photo by Mat Napo on Unsplash

Дијагностицирани 30 лица со Делта варијантата од Ковид-19, но се очекува брз пораст, сертификат само за вакцинирани со две дози

August 12, 2021
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Дијагностицирани 30 лица со Делта варијантата од Ковид-19, но се очекува брз пораст, сертификат само за вакцинирани со две дози

Неколку важни прашања и одговори за состојбите со Ковид-19 во нашата земја

August 12, 2021 16:30
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Photo by Mat Napo on Unsplash

Photo by Mat Napo on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Новите рестриктивни мерки за кои Владата најави дека ќе почнат од 16 август, според кои во угостителски објекти ќе можат да влегуваат само лица со примена барем една доза вакцина, секојдневнотo зголемување на бројот на новозаразени со КОВИД 19, зголемување на бројот на заразени со делта сојот, како и потребата од сертификати за патување во странство, го зголеми интересот за вакцинација кај луѓето. Истовремено, се отворија низа нови прашања поврзани со тековната ситуација со Ковид-19 во земјата.

ЦИВИЛ МЕДИА денеска се обрати со неколку прашања до Министерството за здравство кое даде неколку одговори меѓу кои има и такви што, поради комплексноста на анализата, не можат веднаш да ги одговорат веднаш и во целост, како што наведоа во еден од одговорите. Во продолжение, ќе ги пренесеме нашите прашања и одговорите од Министерството за здравство.

КОМПЛЕКСНИ АНАЛИЗИ, ОДГОВОРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОЧЕКААТ

Дали постои евиденција колку лица кои прележале Ковид-19 се заразиле повторно? Колку од вакцинираните лица се заразиле со Ковид-19 и со какви симптоми, односно последици? Колку од починатите од Ковид-19 биле вакцинирани?

На овие прашања, Министерството за здравство одговори:

„Поради комплексноста на анализата во која се вклучени повеќе институции, а поради објективност кон јавноста, Министерството за здравство еднаш неделно, ќе објавува податоци за вакцинирани, за заразени или починати со ковид. Замолуваме за разбирање додека да се обработат податоците.“

ЕДНАКОВ ПРИСТАП

На прашањето дали прележаните од Ковид-19 што поседуваат и сертификат од МЗ ќе бидат третирани исто како и вакцинираните лица, Здравство одговори дека сертификат може да добие само лице кое е уредно вакцинирано со две дози од било која вакцина.

Во консултација со познавачи на состојбите, ЦИВИЛ МЕДИА дознава дека искуствата од други земји во Европа упатуваат на тоа дека и тие што го прележале Ковид-19 имаат имунитет и, со соодветен сертификат, имаат пристап до јавни објекти како и вакцинираните. Тоа секако треба да се земе предвид во спроведувањето на новите мерки за заштита од Ковид-19 и сегашниот сет мерки да се ревидира.

ВАРИЈАНТИ ОД КОВИД-19

Понатаму, Министерството за здравство информира дека во земјава се дијагностицирани 30 граѓани со присуство на делта варијантата на Ковид-19.

ЦИВИЛ МЕДИА го постави и прашањето: Кои варијанти на Ковид-19 се регистрирани кај нас и кои се статистиките? Дали вакцинираните лица се заразуваат со Делта, со Британскиот или со останатите варијанти од Ковид-19?

„Доминантен сој во нашата држава во моментов е британскиот, но со оглед на тоа што насекаде во регионот рапидно се шири делта варијантата на вирусот, не е исклучено да тој и кај нас стане доминантен сој во скоро време“ – одговорија од Министерство за здравство.

ЦИВИЛ МЕДИА Е НА РАСПОЛАГАЊЕ

Редакцијата им стои на располагање на граѓанките и граѓаните да поставуваат прашања или да известуваат во врска со теми и случаи што ги интересираат или ги засегнуваат. Прашањата и случаите ќе бидат доставени до релевантните институции, а заедно со прашањата и одговорите од институциите, тие ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Д. Мишев

 

 

Tags: вакцинацијаКОВИД-19Министерство за здравство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ