Во тек е 148 седница на Државната изборна комисија на која ќе одлучува по случаен избор за пртседател и заменик на претседател, член и заменик член на Општинската изборна комисија, како и разгледување на барањата за добивање дозвола за набљудување на локалните избори.
На седницата ќе се разгледуваат барањата на ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори за меѓународни набљудувачи, на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа и на Руска информативна агенција ТАСС.
Исто така, ДИК ќе одлучува по предлогот за избор на најповолна понуда за набавка на заштитни пликови вреќи за транспорт на доверлив и недоверлив материјал за избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалниците на општините за градоначалник на градот на Скопје.