• Latest
ДИК/Фотографија: sec.gov.mk

ДИК ќе се „опари“ годинава, во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија, руски ракетен терор врз Украина

January 26, 2023

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДИК ќе се „опари“ годинава, во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија, руски ракетен терор врз Украина

January 26, 2023 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
ДИК/Фотографија: sec.gov.mk

ДИК/Фотографија: sec.gov.mk

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК ќе располага со буџет од 82.641.000 денари во 2023 година

Државната изборна комисија на 68 седница го усвои финансискиот план за 2023 година врз основа на веќе усвоен буџет на државата од Собранието.

„Вкупните приходи на ДИК се 82.641.000 денари. Од вкупниот буџет доделен за ДИК, 73 отсто ќе се користат за плати и надоместоци, додека другиот дел за стоки и услуги, субвенции и трансфери и капитални расходи“, објасни потпретседателката Дитмире Шеху. На седницата се усвои и благајнички максимум од 300.000 денари, како и предлог-годишен план на ДИК за јавни набавки о предлог упатството за безбедност во извршување на работите во ДИК.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски од собраниската говорница: Во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија

На денешната седница за пратенички прашања премиерот Ковачевски говореше за последните случувања на релација Македонија-Бугарија и инцидентот во Охрид кога беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Премиерот потенцираше дека државата ги презема сите дејства согласно законот, за сите провокатори кои се обидуваат да ги нарушат односите помеѓу двете држави.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно.

РЕАКЦИЈА Евроамбасадорот Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива. Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

ПОЛИТИКА „Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години. Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ дека ќе станел бугарски дијалект“, соопштуваат од СДСМ.

ЕНЕРГЕТИКА „ЕСМ Продажба“ со бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата, информираат од компанијата. Како што велат, на јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата „Актаел“ понуди цена од 99,83 eвра за мегават час, а фирмата „Балкан Јутилитис“ понуди цена на природниот гас од 98,71 евра за мегават час.

EВРОИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Рускиот ракетен терор по одлуката на Германија и САД за воена помош во тенкови за Украина, Кијив погоден, узбуна за воздушен напад низ цела Украина, мета се цивилите и цивилната инфраструктура

Од раните утрински часови на 337-миот ден од руската брутална агресија, се слуша узбуна за воздушен напад во Кијив и низ цела Украина. Кијив беше погоден, како и низа други градови низ целата земја. Повторно, мета се цивилите, нивните домови и цивилната инфраструктура.

Украинската противвоздушна одбрана собори 24 дроновите-камикази со иранско потекло од типот Shahed 131 и 136. Украинските извори наведуваат дека само над Кијив биле уништени 15 крстосувачки ракети. Само до пладнето на 26 јануари, украинската одбрана уништи 47 од 55 крстосувачки ракети колку што Русија лансираше од раните утрински часови.

За жал, 8 ракети ги погодија своите цели – цивили, нивните домови и инфраструктурата што обезбедува основни услови за живот.

Меѓу 55-те ракети и проектили лансирани претпладнето врз Украина, спаѓаат и Kh-47M2 Kinzhal кои имаат дострел од 2.000 километри и наменети се за уништување на воени бродови и 3M-54 Kalibr, исто така наменети за борба против воени бродови и подморници, со дострел од околу 200 километри. Во нападите се ангажирани и авионите пресретнувачи од типот MiG-31.

Околу шест авиони Ту-95МС полетаа од руската област Мурманск. Беа лансирани најмалку 30 проектили.

„Во моментов имаме информации дека околу шест авиони Ту-95МС полетале од регионот Мурманск. Најмалку 30 проектили беа истрелани кон Украина“, рече Јуриј Ихнат, портпарол на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, за време на брифингот во Воениот медиумски центар.

Едно лице загина, а две се ранети откако руски проектил погоди нестанбена зграда во квартот Холосивски во Кијив, објави градоначалникот Кличко.

Пет станбени згради и седум други објекти и објекти беа оштетени во регионот на Кијив како резултат на нападот со руски дрон во раните утрински часови во четвртокот, изјави началникот на полициската управа на регионот Киев, Андриј Небитов. Оштетувања претрпеа и повеќе од 40 возила.

„Добивме 38 извештаи за видувања на непријателски беспилотни летала за време на нападот во текот на ноќта. Силите за противвоздушна одбрана успеаја да соборат некои од Шахедите, а во исто време бележиме и штета на цивилната инфраструктура поради удари“, рече Небитов.

Бруталниот руски ракетен напад доаѓа еден ден по одлуката на Германија и САД да направат исчекор во воената помош и да испратат десетици борбени тенкови во Украина.

Русија, соочена со огромна низа проблеми во своето вооружување, импровизира постојано, но тие обиди резултираат со крајно непрецизни и несоодветни решенија за надополнување на рускиот агресорски арсенал. За жал, тие прилагодувања имаат разорни последици. Русите стрелаат со сѐ што ќе им се најде во депоата со оружје и муниција. Во последните неколку месеци, развија варијанта од антитенковските „Корнет“ проектили. Се работи за т.н. X-BPLA проектили чиј предок е „Корнет“, кои сега се монтираат на дроновите и бомбардерите.

Руската армија денес е послаба отколку пред 11 месеци, Украина може да победи и да го врати Крим

Војската на Русија значително ослабе во текот на 11-те месеци од војната, губејќи огромен број на персонал и оружје, но сепак останува опасна, па поддршката за Украина не треба да слабее, изјави координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби на брифинг во Вашингтон, јави дописникот на Укринформ.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Во Албанија продолжува медиумскиот интерес за наводната афера, односно поврзаност на Еди Рама со уапсениот поранешен шеф на контраразузнавање на ФБИ, а на виделина излегоа документи дека Мекгонигал водел бизнис во Тирана уште од времето на Бериша. Денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа обработува уште неколку теми од албанските медиуми во регионот, а се однесуваат на Косово и Северна Македонија.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Злоупотребено логото на Фокус за ширење сексизам и дезинформации кон Зајкова

Пратеничката и лидерка на политичката партија ЛДП, Моника Зајкова е мета на говор на омраза и сексистички напади со измислена вест која наводно е објавена во Фокус. Твитер профилот Апсаана објави фотомонтажа злоупотребувајќи го логото на порталот Фокус со наслов „Секогаш ќе бидам швалерка на Таче вели Зајкова“. 

Леопарди за украинските вооружени сили: Руските лажни вести веќе стигнаа до Берлинското ЗОО

Фото: Укринформ

Како одговор на руските дезинформации, претставниците на зоолошката градина ја изразија својата поддршка за Украина, пренсеува Укринформ. Руските медиуми, Телеграм каналите и социјалната мрежа ВКонтакте ја продолжуваат својата пропагандна кампања околу трансферот на тенковите Леопард 2 во Украина. Овој пат Русите споделија фотографија која наводно е направена на влезот во берлинската зоолошка градина. Како што може да се види од сликата, во позадина се гледа адресата на управата на зоолошката градина до посетителите. Претставниците на зоолошката градина, наводно, ги замолуваат гостите „да не ги хранат леопардите со празните зборови на [украинскиот претседател Володимир] Зеленски, бидејќи на животните може да им се здосади“. Сликата е лажна.

АНАЛИЗИ

Премиерот на Република Косово, Албин Курти (фото извор: Wikimedia Commons)

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека француско-германскиот план треба да има взаемно признавање меѓу Косово и Србија. Тој оваа изјава ја даде зборувајќи за средбата што ја одржа синоќа со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, пренесуваат косовските медиуми. „Договорот треба да има взаемно признавање во центарот бидејќи само на тој начин можеме целосно да ги нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, рече Курти, а истовремено зборуваше и за договорите постигнати во текот на годините со Србија., пишува во анализата Назми Абдурахмани.

 

 

 

Цивил Медиа направи една своевидна анкета со поранешни амбасадори, премиери и министри и експерти за меѓународна политика и дипломатија за излезните решенија во која се најдоа македонско-бугарските односи по серијата настани во последните две недели, пишува Зоран Бојаровски.

СЛОБОДНА ЗОНА

Војо Маневски

Состојбите можат да се опишат со зборови, некогаш поверодостојно а некогаш не доволно, како да недостасува некое делче од сликата за да стане јасна. Така и мене неделава ми се врти еден израз кој не само што ми ја отсликува состојбата туку и ми го исполнува просторот со страв и неизвесност. На прв поглед две појави, кои ги ставив под исто име, изгледаат без поголема врска меѓу себе но сѐ во постојниот свет е поврзано и во меѓусебен однос. Сте се огледале ли во скршено огледало? Во скршеното огледало може да го видите својот одраз во целост но искршен, ама ако некои од делчињата малку се накриво, секое од нив одразува посебна слика. Ова јас го видов во скршеното огледало., пишува Војо Маневски во колумната „ Скршено огледало “

Љубомир Костовски

По откривањето на спасоносниот потег на премиерот Петков во стартот на војната на Русија против Украина, вредноста на Бугарија во очите на Кремљ скокнува, пред сѐ како израз на бес против „изгубениот сојузник“. Јасно, нашиот источен сосед е длабоко поделено општество, а прорускиот дел го предводи бугарскиот претседател Радев. пишува Љубомир Костовски во колумната „  Румен Радев и вокабуларот на Кремљ “

 

С.Танеска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антибугарска хистеријавојна со украинадеизнформацииДИККосовоМаричиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ