Државната изборна комисија на денешната 168 седница ќе разгедува и ќе одлучува по решението на Управниот суд, за повторување на гласањето во избирачкото место 2901 во општина Чаир.
На дневен ред на седницата ќе биде и заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг, одржан на 29 октомври 2017 година по донесување на пресуди и решенија на Управниот суд по поднесени тужби за заштита на избирачко право на подносителите на листи на кандидати за соодветните општини
Седницата ќе започне во 16 часот во салата за седници во седиштето на Државната изборна комисија.