• Latest

Димитров против слеано име, Коѕијас бара промена на Уставот

March 23, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров против слеано име, Коѕијас бара промена на Уставот

March 23, 2018 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Слеано име на македонски јазик и без превод, не е најдобриот правец во разговорите, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, образложувајќи зошто ваквото решение не е прифатливо за македонската страна. 

Сложено име, со географска одредница, кое ќе биде слеано и во себе ќе го содржи името Македонија доколку се изговори брзо може да се случи да не се слушне зборот Македонија, порача шефот на македонската дипломатија.

„Сегашната привремена референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици во ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено име со некаква одредница, заедно со името Македонија, во еден збор, е добро решение“, изјави Димитров.

Шефот на грчката дипломатија на прашањето зошто Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, рече дека според праксата на европските уставни судови националните устави се над европското и меѓународното право.

„Затоа е потребно ова прашање да се разјасни, но тоа во моментов не е тема, бидејќи сме на средина од преговорачкиот процес“, изјави Коѕијас.

За нацрт-спогодбите што си ги разменија Скопје и Атина, Коѕијас рече дека тоа се документи со кои треба да се разјаснат позициите на страните, а не да се отежне процесот.

„На крајот треба да добиеме еден текст што медијаторот Метју Нимиц ќе го преточи во договор и ќе го достави до Советот за безбедност на ОН, како потврда дека проблемот е решен“, објасни шефот на грчката дипломатија.

Димитров се надоврза дека Македонија се залага за одржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

„Наше е тоа да го понудиме и одбраниме. Иако застапуваме различни страни се обидуваме да постигнеме заедничка иднина. Историјата е важна, но не можеме да ја промениме, за разлика од сегашноста и иднината. Потребно е одржливо решение што на двете страни ќе им овозможи да одат напред“, рече Димитров.

Коѕијас, пак, рече дека е потребно праведно решение кое не се однесува на минатото, туку на иднината и ќе ги отвори патиштата и нема да создава проблеми во иднината.

„Треба да најдеме решение кое нема да понижи никого и ќе ги отвори вратите на иднината“, изјави Димитров, напоменувајќи дека се уште сме далеку од целосниот потенцијал на отворањето.

Димитров рече дека имале добри разговори во кои доминирало прашањето за разликите околу името и за градење на идните односи.

Најави дека следната недела  ќе има нова средба со Коѕијас во Виена на која ќе биде и медијаторот Метју Нимиц.

„Денеска направивме чекори да ги решиме проблемите, кои не ги создадовме ние, туку ги затекнавме. Должни сме да ги решиме и тоа ќе помогне за пријателството меѓу двата народа, за стабилноста и безбедноста и за развојот на двете држави и целиот регион“, изјави  Коѕијас.

Тој потенцира дека верува во чесни преговори од кои во иднина и двете страни ќе добијат и двете страни ќе имаат придобивки, без победници или губитници. Грција посакува компромис, додаде Коѕијас.

Потсети дека грчката страна го направила тоа што го ветила, дека тој ќе го посети Скопје кога ќе се смени името на аеродромот со цел да се отвори втората фаза за поврзување на земјава со ЕУ, како и да се даде поддршка за пристапување кон Јадранско-јонската иницијатива.

„Милиони луѓе се движат меѓу двете држави. Северна Грција  со радост ги прифаќа граѓаните на вашата земја, кои доаѓаат заради туризам, бизнис или за пријателски посети. Нашите народи се многу блиску, се блиску, мора да се блиску и во иднина наша должност е да ги донесеме уште поблиску“, додаде шефот на грчката дипломатија.

За време на средбата во македонското МНР група граѓани протестира пред зградата со транспаренти, со кои порачаа дека се против промена на името и преговорите со Грција.

Коѕијас за време на престојот во Скопје има средби со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.


извор: МИА

Tags: имеМНРНикола ДимитровНикос КоѕиасПреговорисредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ