• Latest
Н. Е. Лариса Дир, Амбасадрока на Украина во Северена Македонија(фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Дир: Борба за независност и слобода не се само зборови, тоа е национален код на народот кој го избира своето право на постоење и државност

June 9, 2023
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
Христијан Мицкоски (фото извор: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дир: Борба за независност и слобода не се само зборови, тоа е национален код на народот кој го избира своето право на постоење и државност

June 9, 2023 14:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Н. Е. Лариса Дир, Амбасадрока на Украина во Северена Македонија(фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Н. Е. Лариса Дир, Амбасадрока на Украина во Северена Македонија(фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во Северна Македонија организираше настатан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност.

Во породлжение обраќањето на украинската амбасадорка во Северна Македонија, Н. Е. Лариса Дир:

„Пред една недела светската јавност го обележа Денот за заштита на децата, а на 4 јуни Украина го одбележа споменот на децата кои загинаа како резултат на руската агресија врз Украина. Русија веќе уби стотина украински деца, повреди и осакати илјадници, речиси 20 илјади украински деца беа насилно депортирани од привремено окупираната територија на Украина во РФ.

Во Конвенцијата за правата на детето содржи Факултативен протокол за учество на деца во вооружени конфликти. се наведува дека секое дете има неотуѓиво право на живот. Слична норма се содржи и во Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи – правото на живот е заштитено со закон.

Но, ние разбираме дека за децата ова право треба да се обезбедува што е можно поцелосно.

Токму ова е нагласено во Универзалната декларација за човекови права – мајчинството и детството даваат право на посебна грижа и помош.

Односно, земајќи ја предвид ранливоста на децата, нивната незаштитеност за време на воените дејствија – децата беа вклучени во посебна категорија на меѓународното хуманитарно право, Конвенциите го нагласуваат приоритетот на интересите на детето.

Го обрнувам вниманието на ова за да ве потсетам дека со децении човештвото разви одредена правна рамка, чија имплементација им го гарантира правото на живот на децата, но од моментот кога рф привремено окупираше територии на Украина, се покажа дека украинските деца не се заштитени и остануваат под оган на руската федерација. руските окупатори намерно ги насочуваат воените дејствија кон цивилното население и цивилните објекти кои уживаат посебна заштита – болници, училишта, градинки.

Конвенцијата за заштита на цивилното население во време на војна забранува присилно пренесување или депортирање на населението од територијата на окупираната држава. Државата-терорист РФ е членка на оваа Женевска конвенција, но повторно брутално ги прекрши нејзините одредби, згора на тоа, самата комесарка на РФ за правата на децата јавно го призна фактот за преселување на украинските деца.

Во април 2023 година, Парламентарното собрание на Советот на Европа ја усвои резолуцијата „Депортација и присилен трансфер на украински деца и други цивили во руската федерација и на привремено окупираните територии на Украина“, со која се признава дека присилниот трансфер на украински деца во РФ има карактеристики на геноцид. Украинските деца насилно ги преселуваат на територијата на рф и ги испраќаат на одгледување во туѓа средина со цел да се уништи нивната самоидентификација како Украинци.

Конвенцијата на ОН „За спречување и казнување на злосторството геноцид“ како геноцид подразбира и мерки кои се предвидени да го спречат раѓањето на деца во рамки на национална етничка група, како и насилно пренесување на деца од една човечка група во друга.

Сите дејствија на Руската Федерација за време на вооружената агресија против Украина, насочени кон уништување на украинскиот народ, се геноцид. Овој геноцид, всушност, е продолжение на геноцидот од 1932-1933 (илјада деветстотини триесет и втората до илјада деветстотини триесет и третата) година во Украина наречен Гладомор, кога комунистичкиот тоталитарен режим на СССР го испланира злосторството и истреби милиони Украинци со глад.

Во моментов за Украина е важно да добие како помош со оружје и средства за противвоздушна одбрана, така и поддршка од страна на државите кои ги признаваат дејствијата на РФ извршени на територијата на Украина како геноцид, а исто така го признаваат Гладоморот во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Се зголемува бројот на држави кои го признаа Гладоморот во Украина како геноцид, што е знак на солидарност и го поддржува духот на отпорот на Украинците во оваа војна на агресија против руската федерација.

Денес на разговор поканивме и македонски пратеници, и наши украински научници кои го посветија својот живот на откривање на злосторството геноцид – Гладоморот во Украина, и Заменикот народен правобранител на Република Северна Македонија, и македонски научници, и водечки новинари.

Темата е сложена и тешка, но без информации за Гладоморот-геноцид, невозможно е да се разбере генезата на агресијата од големи размери на РФ против Украина, која се одвива пред нашите очи. И уште една забелешка – изборот на местото на одржување на овој настан не е случаен, и јас сум ѝ многу благодарна на г-ѓа Даниела Николова, која љубезно ни даде можност да го одржиме овој настан во Музејот на македонската борба за самостојност.

Борба за Независност и Слобода не се само зборови, тоа е национален код на народот кој го избира своето право на постоење и државност.

Искрено ѝ благодарам на Северна Македонија и на Македонците за поддршката, а Вам Ви благодарам за вниманието!“.

Tags: ГладоморЛариса ДирУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ