Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје денеска разговараа делегации на ДУИ – потпретседателите Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити и на СДСМ – потпретседателката Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Оливер Спасовски.
Главна тема е обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник, откако СДСМ начелно се договорил за согласноста на Беса и на Алијансата за Албанците, со што се обезбедени 57 мандати. Откако Ѓорге Иванов најави дека мандатот за формирање на влада ќе го даде на партијата или коалицијата која ќе обезбеди 61 пратеник, барем дел од десетте освонеи мандати на ДУИ, се неопходни на досегашната опозиција да може да формира влада.
По средбата, потпретседателката на ДУИ, Арифи изјавила дека на претставниците на СДСМ им ги доставиле партиските барања, дека разговороѕе биле конструктивни, но дека решението ќе го донесе партиското претседателство.