• Latest

Дискриминација: Возач на автобус на ЈСП насилно исфрлил од автобус жена и нејзините две малолетни деца

September 2, 2021

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дискриминација: Возач на автобус на ЈСП насилно исфрлил од автобус жена и нејзините две малолетни деца

September 2, 2021 16:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заштита од дискриминација (КСЗД)  соопшти дека Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) извршило директна интерсекциска дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, социјално потекло, етничка припадност и припадност на маргинализирана група врз жена и нејзините две малолетни деца.

Како што објаснуваат тие, во претставката поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права, се наведува дека возач на автобус на ЈСП насилно ги исфрлил од автобусот жената и нејзините две малолетни деца, од кои едното било во количка.

„Претходно семејството, од ромска етничка заедница, било туркано од другите патници во автобусот, по што возачот станал и ја исфрлил надвор жената заедно со децата притоа со навредлив говор кажувајќи им дека веќе нема да ги пушта во автобус“, додаваат од КСЗД.

Оттаму побарале изјаснување од ЈСП за тврдењата од претставката и истовремено побарале и видеоснимки од настанот, но од претпријатието, како што додаваат не се произнеле по наводите од претставката.

„Од наведеното во претставката, Комисијата заклучи дека возачот на ЈСП го ограничил правото на пристап до јавни добра и услуги на семејство од ромска етничка припадност врз основа на нивната раса, боја на кожа, социјално потекло, етничка припадност и припадност на маргинализирана група. Дополнително, возачот предизвикал ситуација во која го понижил и навредил семејството а исто така предизвикал и чувство на страв и вознемиреност. Квалификаторен елемент во предметниот настан е што едно од децата било во инвалидска количка што уште повеќе покажува отсуство на сензибилност на возачот спрема оваа категорија на лица“, објаснуваат од КСЗД.

Интерсекциската дискриминација во случајот, тие објаснуваат дека се однесува во областа на пристапот до јавни добра и услуги од претпријатието одговорно за превоз на патници во јавниот градски и приградски сообраќај на подрачјето на Град Скопје.

„КСЗД му препорачува на ЈСП Скопје да преземе мерки кои ќе придонесат во насока на превенција на идни дискриминаторски практики од страна на возачите на нивните автобуси имајќи во предвид дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и во минатото утврдувала дискриминација за слични предметни настани“, порачуваат од КСЗД.

Истовремено, тие посочуваат дека претпријатието треба да спроведе обука за дискриминација со цел сензибилизација на возачите при нивната работа со најразлични маргинализирани групи.

Оттука, тие потенцираат дека сторителот е должен да постапи по препораката во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката, а доколку не постапи по неа, од КСЗД посочуваат дека имаат право да покренат прекршочна постапка.

Исто така и пред еден месец ЦИВИЛ Медиа објави дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по поднесената претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди дека контролори на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје извршиле директна дискриминација врз ромскиот студент Сирхан Усеин и неговата мајка, поради нивната етничка припадност и боја на кожа. И покрај тоа што имале годишен билет, биле малтретирани, навредувани и избркани од автобусот.

ЦИВИЛ најостро го осуди и недоличното, дискриминаторско и насилничко однесување на вработените лица во Јавното соoбраќајно претпријатие – Скопје кои селективно постапија кон група од 5-6 млади лица (со потемен тен, и кои зборуваа албански јазик) кои побара да се симнат од автобусот бидејќи не носеле заштитни маски, а дел од нив немаа ниту билет. По кратка вербална расправија ги симнаа во Трубарево. Што не беше случај со останатите патници во автобусот кои не носеа маски.

„Ги повикуваме надлежните институции да реагираат и сторителите да бидат соодветно санкционирани. Местото на насилниците и дискриминаторите не е во извршување на јавна работа, впрочем, место за такви лица не смее да има во ниту едно претпријатие или институција!

Ова општество не смее да дозволи никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани, говор на омраза и дискриминација по никаква основа. Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува соодветна реакција од сите инстанци и институции во државата“, беше и ќе остане ставот на ЦИВИЛ.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ