Србија сака да се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и поддржува се што ќе договорат двете земји, изјави денеска во Битола српската амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ.
„Република Србија и посакува на Македонија се најубаво како на близок сосед и традиционален пријател. Искрено се надеваме дека ќе се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и на тој начин целиот регион да се придвижи и да се искористи историската шанса посочена во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, а тоа е членство во ЕУ“, изјави амбасадорката Дивјак Томиќ, одговорајќи на новинарско прашање по средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.