• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

ДКСК на далечинско управување

October 14, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ДКСК на далечинско управување

October 14, 2024 14:47
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Дали повторно добивме партизирана, поточно вмроизирана Државната комисија за спречување на корупција, скратено ДКСК?

Секако, тоа би било во духот на традицијата на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога се на власт да имаме партизирани институции, зошто тогаш сегашнава гарнитура би била исклучок од воспоставената матрица.

Сето ова произлегува судејќи според активностите и брзината на реакција при одлучувањето по одредени предмети од страна на сегашното раководство на ДКСК. Така, иако во првите 100 дена од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата речиси секојдневно по медиумите се објавувааа скандали во кои учествуваа членови на сегашната владејачка номенклатура, на ДКСК како најважен им се видел предметот во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон, САД, кој го отвориле по сопствена иницијатива врз основа на објавени информации во медиумите, при што експресно донеле решение дека наводите објавени во јавност не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причина што ДКСК по извршената проверка не утврдила прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не утврдила користење на буџетски средства за приватни цели.

Зарем некој се сомневаше во поинаков исход, кога целта и онака беше да се одработи пиаровски во корист на премиерот, да му се помогне сега кога секојдневно владејачката коалиција (на сите нивоа) ја тресат скандали.

Во меѓувреме, ДКСК не се изјасни ниту покрена постапка за серија сомнителни случаи за кои се зборува и пишува во јавноста. Останаа глуви и слепи на информациите за подарениот стан на Јанушев, за бугарските фирми на Максим и Јанушев, за летењето со бизнис класа и за скапите рачни часовници на Мицкоски, купени 2014/2015 и непријавени во тогашниот анкетен лист, за конфликтот на интереси при запослување и поставување блиски роднини на раководни функции, за екскурзиите на спикерот и неговото блиско опкружување. Не им падна во очи ниту отсуството на анкетен лист на нивната веб страна од советникот на претседателката, Жидас Даскаловски.

ДКСК како да дејствува на далечинска команда, како некој со притисок на копче да ги одбира предметите како канали на ТВ, со притискање на копчето од далечинскиот управувач (популарно наречен даљинско) се паузура, забрзува или стопира работата на Комисијата. Со далечинското може да се контролира и јачината на звукот, а кога е потребно, звукот може и целосно да се исклучи. И сите знаат во чии раце е далечинскиот управувач.

П. С. Прашањето од почетокот на текстот е реторичко.


Текстот е личен став на авторот.
Tags: ВМРО - ДПМНЕдалечински управувачДКСКпартизирани институцииПремиерот Христијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ