• Latest

ДКСК: Од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуирана

January 31, 2024

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПРАВДА

ДКСК: Од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуирана

January 31, 2024 14:31
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива. При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот.

-Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“. Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција, вели Ивановска.

За тоа што треба да се преземе понатаму за ова да се промени, таа смета дека прашањето треба да се постави во правосудните органи, каде, како што посочи се потребни коренити промени, но, додаде дека и секоја институција треба да си ја врши работата за која е надлежна.

-Недостига вторииот миомент, а тоа е спровбедување на нашите одлуки и тоа не само на ДКСК, туку на независните тела. Вие го читате извештајот на ЕК, секоја година се повторува една иста препорака – институциите да постапат понатаму по иницијативите, по препораките на независните тела, за да можат предметите да си имаат своја завршница. Со носење на Кривичен законик за 24 часа, со кој што се намалија казните, со поништување на над 200 предмети, и со еден процент доверба во судството, резултатите се такви какви што ги гледаме. Значи прво треба да бидеме јасни пред себе дали сме за искрена борба против корупција, или за декларативна, посочува Ивановска.

Прашана за што се најмногу задоволни од својата работа, таа ги наведе 56-те иницијативи за покренување постапка за крвично гонење и 59-те иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица, кои практично, вели, се иницијативи за разрешување на високи функционери.

-Сите тие се однесуваат на високи профили на функционери, и сите се поткрепени со доказен материјал кои Обвинителството требаше да ги има предвид, да не ги третира како пријава од обичен граѓан. Затоа што дел од тие наоди се потпираат на ревизорски извештаи. Горди сме и на сите иницијативи до Уставен суд иако беа отфрлени – и за поранешен претседател ни држеше иницијативата, и за „Бехтел и Енка“ за носење на законот по кратка постапка, затоа што Уставот се крши со тоа, но така функционира државата и час поскоро тоа треба да се промени, вели Ивановска.

Таа истакна дека би можеле многу повеќе да направат доколку условите кои биле потребни за нивна работа биле побрзо исполнети, при тоа укажа на електронското поднесување на анкетните листови, кое стартуваше дури последната година од нивниот мандат.

Во однос на тоа дали во нивниот мандат се соочиле со притисоци или закани, таа вели дека не се соочиле со такви ситуации, но и дека нивниот јавно изнесен став бил своевидна брана за евентуални такви обиди. Според неа, притисоците биле јавни, како што се соопштенија од тројцата вицепремиери кои коментирале наоди на ДКСК, потоа настапот на ЈО кога кажа дека ја прекинува соработката. – Ние на сите тие јавни притисоци сме имале и јавни одговори, вели Ивановска.

Како своевиден притисок членот на Комисијата  Владимир Георгиев ја посочи кривичната пријава поднесена против него како резултат на нивната иницијатива поднесена во Обвинителството против Наумче Мојсовски директорот на  Агенцијата за млади и спорт за предметот со ваучерите, за која вели дека е поткрепена со факти, со нивни истражувања и со наоди во Извештајот на ДЗР.

-Во Обвинителство постапката е во тек, се очекува да видиме дали ќе има од ЈО одлука. Исто така, побаравме од Владата да биде сатавен на одговорност директорот, Владата го отфрли тоа, а јас заработив тужба за клевета од директорот бидејќи си ја извршував својата службена должност, вели Георгиев.

Георгиев информира и дека неодмана добиле известување од Обвинителството дека се отвфрла и нивната иницијатива за кривично гонење против службени лица во Управата за матична евиденција, иако вели во постапката за иницијативата учествувале со свои наоди и Финансиската полиција и Управата за заштита на личните податоци кои констатираа сериозни недостатоци и неправилности во работењето на оваа Управа.

За членот на Комисијата Нури Бајрами, очигледно е дека политиката нема волја за реформи, бидејќи вели институциите им служат за наградување на партиските кадри со поставување на раководни функциии.

-Треба да се направи хибридна институција од повеќе институции, чиј дел би била и ДКСК, а крајната одлука би била на Обвинителството за организиран криминал за да можат предметите да се завршат побрзо во разумен рок. Бидејќи за некои иницијативи немаме одговори и по три години, вели Бајрами.

На новинарско прашање во врска со злоупотребата на службени возила од страна на техничкиот премиер, Ивановска изјави дека три дена пред крај на мандат ништо нема да поднесат и очекува да реагираат од Кабинетот на Грковска од аспект на етичко однесување и злоупотреба на користење на службени возила.

-Системот треба да функционира и понатаму. Нашето е до тука. Повеќе пати сме укажале на злоупотреба на службени возила и службени простории. И досега биле предупредувани тие функционери, но резултат е тој, дека предупредувањата не се доволни. Треба да се има малку поригорозни мерки во тој дел. Причина за повторување на ваквото однесување е неказнивоста, дали сте виделе некој да би казнет за злоупотреба на служебни возила. Ние дадовме предлог регистрациите на сите службени возила да бидат обоени во една боја и да бидат достапни на граѓаните да видат и да следат како се движат функционерите со службени возила, но од 2021 година овој предлог не се спроведува затоа што нема искрена волја да се спречат вакви злоупотреби.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска по повод завршување на мандатот изрази задоволство што за време на својот мандат се обезбедени потребните просторни услови и кадровскиот капацитет, зголемен е буџетот на институцијата, за што вели главна поддршка добивале од меѓународните организации. Со издадените платни налози за утврдени прекршувања на законот, во Буџетот на државата биле слеани околу 7,8 милиони денари. Очекува повеќе резултати од новиот состав на ДКСК во однос на делот на евидентирање и следење на имотната состојба, бидејќи сите промени до 2023 година тие ги внесувале рачно, а од лани е во функција новиот софтвер кој е поврзан со соодветните институции и тие промени се добиваат автоматски.

Актуелниот состав на ДКСК ќе одржи уште една седница в понеделник во рамки на својот мандат. Новиот состав на ДКСК кој беше избран од Собранието ќе стапи на должност на 8 февруари.

Tags: Билјана ИвановскаДКСК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ