• Latest

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

August 8, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК за ЦИВИЛ: Забранета злоупотреба на функцијата за партиски цели

Носителите на извршни функции во своето работење потребно е разумно да ги користат јавните ресурси и истите не смеат да ја искористат својата функција за стекнување на лична корист или корист на политичка партија“, велат од ДКСК.

August 8, 2025 15:56
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Користењето на канцелариски простор во државни институции за работни средби кои не се поврзани со надлежностите и работењето на институцијата, не е во согласност со принципите на Кодексот, велат од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на прашањето на ЦИВИЛ – дали ќе преземат некакви мерки, односно како ќе го коментираат тоа дека министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на својот Фејсбук профил се пофали дека во нејзиниот кабинет, во работно време, разговарале за локални избори и остварила конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на Вашето прашање за ставот на Државната комисија за спречување на корупцијата за користењето на државните ресурси за партиски цели, Ве информираме дека со Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата на Република Северна Македонија и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата на РСМ е предвидено дека носителите на извршни функции во своето работење потребно е разумно да ги користат јавните ресурси и истите не смеат да ја искористат својата функција за стекнување на лична корист или корист на политичка партија“, велат од ДКСК.

Исто така, согласно членот 2-а од Кодексот, додаваат од Антикорупска комисија, Претседателот на Владата на РСМ го има назначено министерот за правда за следење на спроведувањето на Кодексот од страна на носителите на извршните функции.

„Истакнуваме дека со член 23 од Кодексот е уредено дека министерот за правда, покрај вербално и писмено укажување до функционерот, може да преземе активности и до претседателот на Владата на РСМ, да достави мислење за постапувањето на одреден функционер, кој понатаму може да побара и политичка одговорност од истиот односно барање за поднесување на оставка или предлог за негово разрешување“, велат за ЦИВИЛ од Државна комисија за спречување на корупцијата.

Фотографијата од средбата за „локалните избори“ со партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, министерката Димитриеска-Кочоска ја објави на Фејсбук во работно време во 11:42 часот, на 6 август 2025.

„Пријателска и конструктивна средба со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, и пратеникот Тони Јаревски. Разговаравме за претстојните локални избори и за важноста на визијата и одговорниот пристап во управувањето со општините. Карпош заслужува нова енергија посветена на граѓаните, чесна и ефикасна локална власт“, објави министеркатаза финансии.

ЦМДТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ