Најмалку 15 земји се приклучија на Меѓународниот сојуз кој планира до 2030 година постепено да го исфрли јагленот од производството на електрична енергија, соопштија претставници на Обединетите нации кои учествуваа на преговорите за клима, што се одржаа во Бон.
Формирањето сојуз за производство на енергија без јаглен го иницираа Британија, Канада и Маршалските Острови, повикувајќи ги и другите земји да им се придружат.
Во меѓувреме, на Сојузот се приклучиле и Данска, Финска, Италија, Франција, Холандија, Португалија, Белгија, Швајцарија, Нов Зеланд, Етиопија, Чиле и Мексико.
До самитот на ОН за клима во 2018 година, Сојузот треба да има 50 земји членки. Самитот ќе се одржи во полскиот град Катовице, еден од најзагадените градови во Европа.
Засега не се приклучени земјите кои спаѓаат меѓу најголемите потрошувачи на јаглен, како Кина, САД, Германија и Русија.
По потпишувањето на Парискиот договор неколку земји изработија и службени планови за постепено исклучување на јагленот од енергетски мешавини.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.