ЦИВИЛ зборуваше со граѓанките и граѓаните на Гостивар за Законот за јазиците.
„Секој човек да знае јазици е добро. Јас се трудам да го научам турскиот, но тешко ми оди. Македонскиот јазик го знам многу добро, дури исто како еден Македонец. Сум живеел со нив заедно, сум јадел леб со нив заедно… Сме работеле во Велес и на многу други места. Добро е да се знае другиот јазик. Зошто да не се знае? Не гледам проблем во тоа“, вели еден од анкетираните.
Друг, пак, смета дека Законот е противуставен и дека треба има јавна расправа за истиот.
„Јазикот е јазик. Јас си го имам мојот јазик и каде и да одам ќе зборувам албански. Меѓутоа, ако вие не го знаете овој јазик, јас немам проблем да зборувам и на македонски. Но, албанскиот е албански. Работите се движат многу бавно, Македонија е блокирана, ни во НАТО, ни во Европа, останавме многу назад…“, вели уште еден гостиварчанец.
Вулнет Махмути
Камера: Атанас Петровски
Фотографија и монтажа: Маја Ивановска