Додека големите „патриоти“ се препукуваат преку медиумите или социјалните мрежи, за тоа кој е поголем патриот, и додека разни политичари, аналитичари, па дури и глумци шират параноја и омраза, тврдејќи дека Македонија и Македонците ќе ги снема поради „преспанскиот договор“, „тиранската платформа“…, и се колнат дека државата и нацијата ќе ги бранат по цена на (туѓиот) живот, не гледаат во што ги претвараат младите (средношколците) од различни етнички заедници, кои секојдневно користат говор на омраза и пцовки на социјалните мрежи, а неретко „правдата“ ја решаваат и на улица со тупаници, клоци, ножеви…
Дехран Муратов
27.08.2020 година