• Latest

Доделени наградите од шестиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“

July 15, 2016

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Доделени наградите од шестиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“

July 15, 2016 20:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Прекршување на човековите права од сите аспекти:избирачки права, работнички и социјални права, манипулација со етнички групи и социјално загрозени категории, теми кои содржат силни пораки до власта, изречени во малите микропростори на обесправените граѓан(к)и и јавно, на протестите на Шарената револуција…, се дел од наградените пет прилози, што ЦИВИЛ – Центар за слобода ги додели денеска, во шестиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“, во рамки на проектот „Граѓански објектив“, што се реализира веќе половина година со поддршка на National Endovment for Democracy.

Граѓанските новинарки Валентина Ѓорѓиевска Парго и Ана Николиќ од Скопје, според оценувачката комисија на ЦИВИЛ, ја освоија првата награда, ваучер во противвредност од 110 американски долари, за видео анкетата „Груевски за 10 години пепел не направи“, снимена за време на протестите на Шарената револуција.

Една од авторките, Валентина Ѓорѓиевска Парго, со порака – „ да се слушне гласот на младите“.

Второнаградена е видео-сторијата на граѓанската новинарка Хазизе Јонузи од Тетово, посветена на социјалната драма на три ромски семејства од Ромското маало во Тетово, ки освен истиот двор, ја делат и истата мака, борејќи се да преживеат.. За сторијата со наслов „Детето не знае дека нема, бара да јаде“, Јонузи на денешното свечено доделување на наградите доби ваучер во пртоввредност од 80 американски долари.

Граѓанските новинари Надежда Атанасова и Даниел Аврамов од Скопје, се наградени со ваучер во противвредност од 50 долари за мини-анкетата за „Улогата на меѓународната заедница во надминувањето на политичката криза воМакедонија“.

Оценувачката комисија на ЦИВИЛ, имајќи го предвид интересот за овој проект и доставениот број на прилози во конкуренција, додели и две четврти награди. Анонимен сакаше да остане авторот на сторијата „Граѓаните и се обратија на полицијата“, а  „Кршење на работнички права“ е наградениот текст од Сотир Габелоски, граѓански новинар од Крушево.

Честитајќи им ги наградите, новинарот Томислав Кежаровски, гостин на денешниот настан, којшто полни седум месеци помина во притвор и е пример за цензурата и за диктатура што власта ја спроведува врз новинарството и новинарите, и борците за правда и вистина во Македонија, порача:

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа Синиша Станковиќ ги охрабри сите граѓан(к)и и натаму да продолжат да испраќаат фото и видео содржини, кои ќе помогнат во процесот на презентирање на објективната слика за македонската реалност, далеку од камерите на владините медиуми, кои информираат низ призмата на виртуелниот македонски рај“.

Проектот, како што впрочем, истакна претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, со оглед на досегашните постигнати резултати, ќе продолжи и во наредните три месеци.

 

Моника Талеска

Tags: Биди граѓански новинарГраѓански објективнаградиСиниша СтанковиќТомислав КежаровскиЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ