• Latest

Договорот за финансирање на климата КОП29: Зошто сиромашните земји се толку лути

November 27, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Договорот за финансирање на климата КОП29: Зошто сиромашните земји се толку лути

November 27, 2024 12:14
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По две недели жестока борба, речиси 200 земји се согласија на нова цел за собирање пари за справување со климатската криза на КОП29, 29-та годишна Конференција за климатски промени на ОН во Баку, Азербејџан.

Богатите земји се согласија да го преземат водството во плаќањето 300 милијарди американски долари годишно на најсиромашните земји до 2035 година од различни финансиски извори (јавни, приватни, меѓу земјите и преку мултилатерални извори како што се развојните банки). Ова е помалку од една четвртина од тоа што го побараа земјите во развој и не е во облик на пари од грантови што се без обврски што им се потребни.

Нема консензус за тоа како да се дефинира „климатското финансирање“ во рамките на Рамковната конвенција на Обединетте нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), процес на ОН за преговарање за договор за ограничување на глобалното затоплување. Развиените земји претпочитаат шаренило од јавни и приватни извори на финансирање, вклучувајќи заеми и „замена на долгови“ (намалување или простување на долгот на една земја во замена за таа земја да инвестира средства во проекти што ја штитат животната средина или се борат против климатските промени). Нивното претпочитање се одразува во конечната одлука на КОП29.

Истите тие развиени земји се одговорни за најголемиот дел од емисиите на стакленички гасови што ја загреваат Земјата на опасни нивоа. Земјите во развој побараа дел од нивното огромно богатство за да им помогне да ги намалат емисиите, да се прилагодат на влијанијата на затоплувањето на климата и за да се справат со последиците од постоечките катастрофи (што главно се нарекува загуба и штета). УНФЦЦЦ проценува дека на земјите во развој им се потребни 5 до 6.9 билиони американски долари за да ги спроведат своите национални климатски планови до 2030 година.

Првобитата цел за климатското финансирање беше поставена во 2010 година и истекува во 2025 година. Ова ги охрабруваше богатите нации да префрлаат 100 милијарди американски доалри годишно на земјите во развој, но истата беше исполнета за прв пат дури во 2022 година.

Преговарачите од сиромашните земји со право се фрустрирани. Додека последниот извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени сугерира дека има доволно пари во глобалната економија за соодветно финансирање на зелената транзиција, финансискиот систем е системски искривен против земјите во развој.

Долг и нееднаквост

Светската банка и другите меѓународни монетарни институции беа основани на крајот на Втората светска војна, пред голем дел од земјите врз кои тие влијаат имаа стекнато независност, доведувајќи ја во прашање легитимноста на глобалниот режим зачнат во колонијалната ера.

Во 2022 година, 58 од најсиромашните земји и климатски најранливите земји во светот потрошиле 59 милијарди американски долари за отплата на долгови во споредба со 28 милијарди американски доалри што ги добиле за климатско финансирање, од кои повеќето од половина биле заеми.

извор: The Conversation

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ