• Latest

Долг е падот на Груевски. Но, дојде крајот!

May 1, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Долг е падот на Груевски. Но, дојде крајот!

May 1, 2017 14:04
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не секој ден, туку секоја минута што му беше дадена на овој манијакален зависник од пари и моќ, садист со ниски, гангстерски пориви – беше и е ненадоместлива штета за животот на секој од нас. Многумина од нас не изгубија по една деценија од животот, туку многу повеќе. Ја изгубивме Македонија каква што можеше да биде. Без оглед на сите билмези и арамии пред него, имавме повеќе и подобри шанси. Со овој насилник и неговите послушници потонавме во мизерија од која можеме да се извлечеме само со многу работа, чесност и спроведување на правдата. И пак нема да стасаме таму каде што можевме да бидеме пред него.

Пишува: Џабир Дерала

Во неславниот разговор со Чомовски на Телма, Груевски уште еднаш покажа дека е подмолен и бескрупулозен, без оглед на тоа што (не)намерно му беше даден простор за лаги и манипулации. Покажа дека е решен да оди до крај. Не смееме да го занемариме неговиот капацитет да сее терор и да повлекува лудачки и насилнички потези во последните денови, пред неговата криминална структура да биде потполно згмечена.

Важно е дека процесот е деблокиран, но уште поважно е тој да се одбрани, за да продолжи. Тука сме повикани сите ние, секој од нас. И ти што го читаш ова! Да. Убеден сум во тоа.

Мораме да внимаваме и на оние што ветија дека ќе бидат носители на таа промена. Премногу грешки направија и до сега, за да им веруваме безрезервно. Лидерите на новото мнозинство допрва треба да одговорат на други, помалку пријатни прашања. Почнувајќи од прашањата за транспарентност, завршувајќи со тајмингот на етничките теми. Прашањата за процедурите се губење време и релативизирање на злото. „Процедуралните грешки“ во изборот на Талат Џафери се трикови на Груевски и мафијата. Пред наездата на теледиригираните криминалци и фашисти, изборот на Џафери беше повеќе од легитимен, а потегот храбар и одважен. И малку задоцнет.

Долга е листата на злосторниците и нивните соучесници. Судиите кои го опструираат СЈО, обвинителите на ОЈО, уставните судии… мора да одговараат! Време е за затвор. Таму друштво ќе мора да им прават “уметниците” и “новинарите” – малите, злобни гебелси на Груевски. Ако тие што имаат амбиција да ја водат оваа земја во иднина, сакаат да добијат почит и доверба, мораат да ги доведат престапниците пред лицето на правдата. Час поскоро! Без компромиси! Нема време за “стратешко” чекање!


Објавено и во Плусинфо. Текстот е личен став на авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскизатворкриминалСЈОТалат Џафери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result