• Latest

Друго ќе беше… Друго ќе биде!

May 25, 2017
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Друго ќе беше… Друго ќе биде!

May 25, 2017 11:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неказнивоста на криминалот и на криминалците во Македонија е мит, најлични мои! Да, да, мит, создаден од мрачните сили, Бранко, Сорос, „длабоката држава“ на ЦИА и Хилари Клинтон, масоните, Евреите и ИСИС (здружено), НАТО и вавилонската ЕУ!

Пишува: Петрит Сарачини

Да не се лажеме, таа голема лага има една и единствена цел: да ја уништи нашата библиска земја, една од најправедните земји на светот! Башка тоа што сме меѓу најнапредните и најбрзорастечките економии, земја без корупција, која што така упорно низ Дуњава ја бараше и ја најде познатиот светски трагач по држави ослободени од рушветот и митото, Субрата Рој!

А, докази дека цел свет лаже за неказнивоста кај нас, и дека во Македонија суверено владее правото, правдата и домаќинлакот на долгата рака на нашата мајчица партија, има илјадници на број!

Па, до Бога, малку ли ви беа Душко Млекарот, Велија Рамковски и неговото семејство и соработници, Љубе Бошкоски, Ване Цветанов, Томислав Кежароски, Зоран Божиновски, жените што ги апсеа за случајот „Монструм“, оние што лежеа со години за „Сопот“, демонстрантите од 6 мај 2015-та, или пак, оние што ја кршеа празната канцеларија на Иванов лани, а кои сè уште се влечкаат по судови…?

Малку ли се илјадниците блокирани сметки и затворени фирми, малку ли ви се извршителите, присилните наплати, малку ли ви е плачењето и кукањето по шалтери…, за да видите дека нема шега со нашата правна држава?

Е, сега, треба да имате разбирање и за нашите преполни затворски капацитети, преполни фиоки по судовите со нерешени предмети, преполни канцеларии во институциите со партиски војници…

Правдата е бавна, но сепак, пристига. Затоа, во последно време (а и пред тоа), мораме да избираме како и кого ќе казнуваме и, како што можете да забележите, сè повеќе употребуваме алтернативни и воспитни мерки, особено кон оние кои што се заслужни за нашето успешно владеење!

Затоа, оние кои се обидоа да убијат луѓе во Собранието на 27 април, добија условна казна. Да крадеа ќебапчиња, друго ќе беше!

Затоа, оние кои украдоа милијарди евра од граѓаните и ја продаваа државата, парче по парче, концесија по концесија, за џабе, сè уште се на слобода. Да продаваа марули, друго ќе беше…

Затоа, оние што затајуваа данок и од ваши пари градеа милионски викендички со базени, купуваа душеци од илјадници евра или секси долна облека од 500 евра, не само што не се кријат, туку уште позасилено трујат со пропаганда на телевизија, во весници, на Интернет… Да украдеа некоја тегла ајвар, друго ќе беше…

Затоа, оние што возат лудачки и газат и убиваат луѓе на пешачки премини и по тротоари, ги гледате сербез седнати по скопските кафеани, или во Собранието на испомош на нашите тврдокорни поддржувачи. Затоа, вие плаќате казни за погрешно паркирање, за појас, за штопот што не ви работи оти немате пари да го замените, затоа вашите автомобили стари по 15-20 години ги креваат „пајаци“. Да возевте џипови и бесни мотори, друго ќе беше…

Така да си знаете, и да не ми се жалите повеќе! Наместо тоа, земете си една качулка, натнете ја на глава, излезете на улица, истепајте некој, почувствувајте ја правдата и слободата, додека ги имаме. Оти, за некој ден, друго ќе биде!

Tags: Велија РамковскиДушко млекаротЉубе БошкоскиМакедонијанеказнивостправдаСубрата РојТомислав Кежаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ