• Latest

Државата ќе биде позадолжена за дополнителни педесет милиони евра земени од државната обврзница

July 23, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Државата ќе биде позадолжена за дополнителни педесет милиони евра земени од државната обврзница

July 23, 2024 11:00
in ЕКОНОМИЈА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Освен зголемениот дефицит во Буџетот, државата од месецов ќе биде позадолжена за дополнителни педесетина милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку издавање на државна обврзница.

Обврзницата,  ја издало  Министерството за финансии  на 11 јули, а рокот за доспевање е 11 јули 2039 година и 15 години, се наведува во анализата од Соња Танеска, во која  се осврнува на жешката тема околу Ребалансот на буџетот, но уште повеќе и околу  задолжувањето од Унгарија, што како прв приоритет и на голема врата го најави новиот премиер на владата, Христијан Мицкоски.

Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, главна карактеристика е зголемениот дефицит, повеќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите.

Во четврток ребалансот на Буџетот ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет, а треба да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот.

Понатаму во анализата, Танеска посочува на растот на БДП, кој е ревидиран од првично планираниот, со проекција на инфлацијата.

Растот на БДП е ревидиран од првично планираниот 3,4 проценти на 2,1 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 3,5 проценти. Во втората половина на годината се очекува забавување на растот на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и енергенсите, како и поумерен притисок од базичната инфлација.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 318 милијарди 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари, додека расходите се проектирани на ниво од 362 милијарди 816 милиони денари, односно на расходна страна има зголемување од 19 милијарди 178 милиони денари. Повеќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите.

Д. Т.


Јовановиќ: Мицкоски треба да го покаже договорот за заем од Унгарија и да каже дали во приказната е некако вмешан поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ