• Latest

Двете лица на национализмот – од либерална, до екстремистичка идеологија

May 30, 2024
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Двете лица на национализмот – од либерална, до екстремистичка идеологија

May 30, 2024 11:00
in ГРАЃАНСКА, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сепак, примарната идеја за овој национализам, која што настанала како резултат на  конструктивните и добронамерни побуди на човекот, се расчленила во две насоки.

Првата насока е онаа, според која национализмот е претставен како нужен чекор кон градење на космополитско општество ( во науката познат како цивилен национализам), во  кое уште повеќе се нагласува еднаквоста на сите граѓани, независно од културолошката, верската, етничката, јазичната припадност, а граѓаните се правно поврзани во еден правен систем (државјанство), при што името на нацијата е идентично со името на државата.

Таквиот национализам е составен дел на повеќето модерни,  либерални општества, а општествените вредности во тој дух се заштитени со општествен договор (устав).

Според втората насока, национализмот се јавува како форма на колективна (национална) свест, во чиј концепт се истакнуваат разликите помеѓу нациите, при што, секогаш една нација се претставува како супериорна во однос на останатите, со манифестирање на предрасуди, постојано омаловажување и обезвреднување на културните обележја и карактеристики на другите нации.

Национализмот го поттикнува и настојувањето да се покаже себичен, агресивен и нетолерантен однос на една нација, кон економските, социјалните, културните и политичките интереси на другите нации, со нивно исклучување или елиминирање, заради  реализирање на сопствените интереси.

ЕКСТРЕМЕН НАЦИОНАЛИЗАМ

Најдрастична форма на национализам е онаа, во која се настојува кон едноставна физичка ликвидација или потполно поробување на другите етноси, оспорување на нивните права, националната самобитност и државност,  било во рамките на постојната повеќенационална заедница или надвор од неа. Генерално, национализмот се врзува за различни идеологии, почнувајќи од либералните преку социјалистичките до фашистичките.

Денес национализмот се користи  како орудие, од страна на оние кои го експлоатираат за свои егоистични  цели, што доведува до разединување во рамките на самото  општество и  создавање на меѓусебна нетрпеливост.

Национализмот како феномен во себе содржи елементи на дискриминација, непочитување на човековите права, слобода, еднаквост и демократија.

Во Општата декларација за човековите права на Обединетите нации, во членот 1 се вели:

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни  и еднакви, со достоинство и права. Тие се надарени со разум и свест, така што едни спрема други треба да се однесуваат во духот на братство“.

Национализмот е зло. Борбата против тоа зло е граѓанска должност и обврска на сите без исклучок.  Секој треба да влијае врз преземањето мерки, против оние кои на општественото битие му нанесуваат зло и му штетат на развтокот, здравјето, угледот и идеалот за човековите права, бидејќи тие зрачат со енергија која има негативен набој, претставуваат отворена закана која води до општествено-политичка декаденција, религиска и демократска некомпатибилноет, општо-човечка, етичка, морална и социолошка одвратност и културолошка одбивност. (Наташа Малинка Миновска, 8 август, 2021, Зелена читанка, Скопје 2022)


Повеќе информации:

Визии за зелена иднина


Содржината е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (27-31 мај 2024) под мотото „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“ што го спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, каде ЦИВИЛ е членка, на иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, а со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ