Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
Први октомври во Украина е Денот на бранителите и бранителките – државен празник кој се одбележува секоја година на Денот на Покров на Пресвета Богородица.
Силата на духот, отпорот, храброста на украинските бранители и бранителки се ненадминати за време на вооружената агресија на рф против Украина.
Почитувањето на украинските бранители и бранителки започна во октомври 2014 година, по почетокот на окупацијата од страна на рф – државата-агресор на Автономната Република Крим и градот Севастопол, како и одредени територии на Донецката и Луганската област.
Невидената храброст и смелост на украинските бранители и бранителки заслужува достоинствена почит.
На овој ден во Украина во 9 часот наутро – минута молчење – почитување на споменот на бранителите и бранителките кои ги дадоа своите животи – најскапоцената човечка вредност. Нивната жртва е заштита и покровителство за другите Украинци.
Независноста на Украина е животот и енергијата на оние кои директно ја штитат нашата држава. Секојдневно имаме информации за повеќе од сто борбени судири со руски напаѓачи, кои се најмени убијци кои немаат што и кого да заштитат. За тоа што убиваат Украинци, режимот на кремљ им плаќа големи крвави пари. На крајот, ваквата монетизација на смртта на руските војници, порано или подоцна, прашање на време е, ќе им се врати на самите граѓани на руската федерација.
Некои дејци од руската култура, користејќи меѓународни фондови, се обидуваат да го глорифицираат рускиот фашизам, руските војници кои ги убиваат украинските бранители и бранителки и цивилното население на Украина.
Мојата порака е следната – овие руски хуманоидни суштества имаа избор, имаат избор – да не убиваат граѓани на суверената украинска држава, да не мачат воени затвореници и цивили, да не крадат украински деца, да не палат украински градови и села, да не посегнуваат по суверената територија на Украина.
Украинските бранители и бранителки мора да ги заштитат своите животи и животите на нивните деца од руската фашистичка инвазија.
Оние кои создаваат такви филмови, приказни, наративи се соучесници во убиствата на Украинците.
Руската армија има избор – да не исполнува наредби за убивање, окупирање, уништување. Секогаш има избор – но очигледно за луѓето со ниски духовни вибрации, злото е примамливо ако дава псевдо придобивки за „опстанокот“ на руските семејства, чија благосостојба стана 101-ва работа на државниот буџет на руската федерација. Руската армија мора што поскоро да ја напушти територијата на Украина.
Украинските бранители и бранителки треба да добијат од нас поддршка, молитва, духовна енергија. Но, оваа духовна заштита и морална поддршка мора да се засили со заштитата на панцир, F-16, оружје со долг дострел. Ние ја цениме помошта на оние кои обезбедуваат таква заштита, заштитувајќи се и себеси на овој начин.
Слава и неискажлива благодарност до украинските бранители и бранителки!
Специјално за ЦивилМедиа. Дозволено за преземање, според лиценцата Creative Commons.