• Latest

Еуроњуз: Една недела од војната меѓу Израел и Хамас, ЕУ продолжува да се бори со своите пораки

October 14, 2023
Фото: Скриншот од видео на 
CBS Mornings

Тајни сириски разузнавачки досиеја покажуваат дека исчезнатиот американски новинар бил затворен од режимот на Асад

June 2, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за проектите Коридор 8 и 10?

June 2, 2025

КОРИДОРИ: Експресните возови и црвениот сигнал на неефикасноста

June 2, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски: Очекувам да бидеме во првите пет економии во Европа во првиот квартал од оваа година

June 2, 2025

Лекарот од Газа кој загуби девет деца во израелски воздушен напад почина од повредите

June 2, 2025

(ВИДЕО) ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Избори во Полска; Терор во Колорадо; Украина ја затресе Русија од корен

June 2, 2025
Фото: Транспаренси Интернешнл - Македонија

Транспаренси Интернешнл: Барометар на корупција на „Бистро-Матно“ за мај 2025

June 2, 2025
Фото; Х профил на Chris Biggers

Првите сателитски снимки од уништените руски бомбардери по нападот на украински дронови

June 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 21 убиен, а десетици застрелани во инцидент со хуманитарна помош во Газа

June 2, 2025

Секое четврто дете во ЕУ е изложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Еуроњуз: Една недела од војната меѓу Израел и Хамас, ЕУ продолжува да се бори со своите пораки

October 14, 2023 15:27
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашната цврста одбрана на меѓународното право од страна на Европската унија е доведена во прашање по реакцијата на Брисел за начинот на кој Израел одговара на смртоносниот напад на палестинската милитантна група Хамас, пишува Еуроњуз.

Ова беа особено лоши денови за Европската комисија, чија недела започна со катастрофален комуникациски дебакл во врска со помошта за Палестинците и заврши со обвинувања за двојни стандарди за тоа како го оценува она што моментално се случува на Блискиот Исток и настаните во изминатите 600 дена во Украина.

Коментарите на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за тоа како руските напади врз цивилната инфраструктура, „особено електричната енергија“, претставуваат „воени злосторства“ се покажаа особено спорни.

„Прекинот на водата, струјата и греењето за мажите, жените и децата со доаѓањето на зимата е чист терор. И тоа мораме да го наречеме така“, напиша таа на платформата X во октомври минатата година.

Russia’s attacks against civilian infrastructure, especially electricity, are war crimes.

Cutting off men, women, children of water, electricity and heating with winter coming – these are acts of pure terror.

And we have to call it as such. https://t.co/3WY743k1iH

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 19, 2022

Запрашан оваа недела зошто извршната власт на ЕУ на сличен начин не ја коментира одлуката на Израел за прекин на електричната енергија во Појасот Газа како воено злосторство, портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер тврдеше дека контекстот е различен, така што споредбата е невозможна.

„Зборувате за коментар даден во еден многу, многу специфичен контекст каде што имаше неиспровоциран напад од земја – дополнително членка на Советот за безбедност на ОН – против мирен сосед, и ситуацијата што ја доживуваме сега, каде што потсетувам таму продолжува да има напади од Газа кон Израел“, наведува Мамер.

„И каде Израел е во ситуација кога се брани во исклучително сложена борба. Поради тоа, ние овде не можеме да судиме кои се вистинските акции што треба да се преземат за Израел да се бори против терористите на Хамас кои ја нападнаа неговата територија“.

Право на самоодбрана

ЕУ, која го смета Хамас за терористичка организација, брзо го осуди нападот на тоа движење извршен минатата сабота, во кој беа убиени над 1.200 Израелци. Над 100, вклучително и бебиња, исто така беа киднапирани, а нивната судбина, како и здравјето и состојбата сè уште се непознати, бидејќи барањата за нивно ослободување останаа неодговорени.

Унијата, исто така, силно го поддржа правото на Израел на самоодбрана, додавајќи дека секоја одмазда мора да биде пропорционална и согласно меѓународното хуманитарно право.

Но, акциите на израелската војска ја зголемија загриженоста за два милиони луѓе опколени во мала ексклава. Израел прогласи „целосна опсада“ велејќи дека струјата, храната, горивото и водата се исклучени.

„Акцентот е ставен на штетата, а не на точноста“, изјавиво вторникот портпаролот на израелската влада, Даниел Хагари.

Потоа, вчера Израел даде 24 часа за жителите на Газа да го напуштат северниот дел на ексклавата пред да започне бранот жестоки бомбардирања.

Хуманитарните организации алармираат, вклучително и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој изрази„длабока вознемиреност“ од опсадата на Израел.

Ситуацијата во Газа, додаде тој, е „исклучително страшна“ како резултат на израелската блокада на Газа пред нападот на Хамас, велејќи дека таа „само експоненцијално ќе се влоши“.

УНИЦЕФ изрази жалење за смртта на „стотици и стотици“ деца и нагласи дека болниците се целосно преоптоварени да ги лекуваат „оние со повреди“, вклучително и „со ужасни изгореници, минофрлачки рани и со изгубени екстремитети“.

„Хуманитарната ситуација достигна најниско ниво, а сепак сите извештаи укажуваат на дополнителни напади. Сочувството – и меѓународното право – мора да надвладеат“, додаде портпаролот.

Норвешка, исто така, ја осуди „неприфатливата“ опсада на Газа од страна на израелската армија и најави дополнителна хуманитарна помош за жителите на градот.

До вчера, бројот на Палестинците убиени од израелските напади надмина 1.700, а илјадници се повредени.

Цивилите мора да бидат заштитени

Се погласни станаа обвинувањата дека ЕУ не ги поистоветува животите на невините палестински цивили со животите на невините израелски граѓани, без оглед на фактот дека сите цивили – особено децата, имаат посебен статус според меѓународното хуманитарно право.

Како одговор, портпаролот на ЕК, Мамер истакна дека „заштитата на цивилите е од најголема важност“ и дека палестинските цивили „мора да бидат однапред предупредени, како и за планираните воздушни напади, со што ќе им се дозволи да ја напуштат областа“. Тој потенцира дека Израел го направил тоа.

Тој, исто така, рече дека Унијата „го охрабрува создавањето хуманитарни коридори со цел да се овозможи испорака на многу потребната хуманитарна помош, вклучително и дозволување пристап до храна, вода и лекови согласно меѓународната хуманитарна војна“ и дека Фон дер Лајен разговарала со голем број регионални лидери.

Но, изворот на Еуроњуз, кој сакал да остане анонимен, вели дека претседателката на ЕК е „помалку заинтересирана“ да разговара со нејзините израелски партнери за обидот да се ограничат цивилните жртви за време на патувањето во Израел.

На снимката споделена од нејзиното патување, таа може да се слушне како вели дека е „многу благодарна што многу јасно кажавте дека Хамас се терористи, но мораме да се грижиме за палестинскиот народ и хуманитарните потреби“.

Но, таа не спомна цивили или одговорност на израелската Влада да ги поштеди нивните животи колку што е можно повеќе во изјавата дадена заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Делата на Хамас немаат никаква врска со легитимните аспирации на палестинскиот народ“, рече таа. „Напротив, ужасот што го започна Хамас им носи само повеќе страдања на невините Палестинци. Ним им се закануваат, исто така. Одвратните постапки на Хамас се обележје на терористите. И знам дека начинот на кој ќе одговори Израел ќе покаже дека тоа е демократија.

Нејзиниот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчич, сепак беше поексплицитен, пишувајќи на платформата X дека „цивилите мора да бидат заштитени“ и дека „критичната инфраструктура не смее да биде цел“.

🇮🇱 has the right to defend itself and protect its people from Hamas’s terror.

This right must be exercised in compliance with #IHL.

Civilians must be protected.

Critical infrastructure must not be targeted.

Safe and unrestricted access for humanitarian aid must be ensured. https://t.co/Qon0PIxt7e

— Janez Lenarčič (@JanezLenarcic) October 13, 2023

Ова е вторпат за неколку дена словенечкиот функционер да се вклучи во недвосмислено барање за хуманитарна поддршка од ЕУ за Палестинците.

Претходно во текот на оваа недела, тој беше првиот во извршната власт на ЕУ што даде некои појаснувања откако Оливер Вархеји, комесарот задолжен за проширување и соседство, еднострано објави дека ЕУ ја прекинува помошта за Палестинците, предизвикувајќи збунетост дали тоа вклучува и хуманитарна помош и создавање дипломатски спор меѓу земјите-членки.

Наместо тоа, на Европската комисија и беа потребни повеќе од пет часа за да објави соопштение во кое најави „итна ревизија“ на стотиците милиони евра развојна помош што им ги дава на Палестинците. Овој потег го оправда со потребата за огромна внимателност ништо од тие пари да не падне во рацете на Хамас.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализаГазадвојни стандардиЕУИзраелПалестинципомошХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ