• Latest

Финансискиот систем стабилен, да се врати довербата кај инвеститорите

March 5, 2018

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Финансискиот систем стабилен, да се врати довербата кај инвеститорите

March 5, 2018 13:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансискиот систем е стабилен, со минимални системски ризици. Краткотрајната нестабилност предизвикана од домашните политички превирања во април и мај минатата година е целосно надмината, заклучи на денешната седница Комитетот за финансиска стабилност. 

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, финансискиот систем е стабилен, функционира нормално, и ќе обезбеди поддршка за раст на македонската економија. Главно нешто што правиме кај фискалната политика, посочи, е да обезбедиме стабилност и економски раст.

– Првпат од кризата, во последните осум години имаше пад на намалување на државниот и јавниот долг во релативен износ. Обезбедивме еврообврзница во најоптимално време и по најдобри можни услови, а според последните податоци враќањето на повратот на ДДВ кон фирмите се врши неселективно и брзо. Ако ги погледнете месеците јануари и февруари годинава, во однос на истите месеци минатата година, повратот на ДДВ е поголем за 1,4 милијарди денари или за 56 проценти. Тоа значи дека бргу се враќа ликвидноста во фирмите, тие да работат, имаат активност и да инвестираат, изјави Тевдовски.

Тевдовски и Богов конференција

Според гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов,  ризиците во банкарскиот систем се минимални. Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови.

– Сето тоа упатува дека банкарскиот сектор е особено добро капитализиран, високо ликвиден и подготвен да ја поддржи македонската економија, изјави  Богов.

Неоходно е, порача, да се врати довербата кај инвеститорите.

– Условите се стабилни веќе подолг период, банките се високо ликвидни и неопходно е да се врати довербата кај инвеститорите, да се зголеми побарувачката за кредити, а банките се подготвени и може да ги испорачаат кредитите, но потребни се квалитетни проекти и посилна инвестициска активност,  дополни Богов.

Монетарната поставеност, како што појасни,  ќе зависи од монетарната политика во еврозоната, како и од тоа каква ќе биде фискалната политика, политичката стабилност и каков е платниот биланс односно состојбата на девизниот пазар. На тие клучни пунктови моментно има доста поволни движења.

Ова е петта седница на Комитетот, кој е тело формирано од Министерството за финасии и НБРМ. Станува збор за форум  на кој двете институции дискутираат за клучни прашања поврзани со финансискиот сектор и е во насока на одржување на добрата комуникација и координација меѓу нив.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БоговдовербаекономијаинвеститориТевдовскифинансиски систем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ