• Latest

Фон дер Лајен: Можеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и финансии

September 9, 2023
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Фон дер Лајен: Можеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и финансии

September 9, 2023 11:38
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи.

Само земјите од Г20 учествуваат со 80 отсто во емисиите на стакленички гасови. Од друга страна, на Африка отпаѓаат помалку од 4 проценти од емисиите на стакленички гасови, но таа е меѓу најпогодените од климатските промени, истакна Фон дер Лајен, потенцирајќи дека останува обврска да се обезбедат 100 милијарди долари за оваа година за финансирање на проекти за справување со климатските промени.

Таа посочи дека ЕУ во тоа финансирање само во 2021 година учествувала со 27 милијарди долари, додавајќи дека Унијата ќе продолжи да одвојува средства во борбата против климатските промени.

Фон дер Лајен истакна дека ЕУ успеа да ги намали емисиите на штетни гасови за 35 проценти, но дека на глобално ниво светот се уште е далеку од остварување на поставените цели на Конференцијата за климата во Париз.

Науката ни кажува дека нема да ја оствариме нашата цел да го ограничиме глобалниот раст на температурата на 1,5 степени. Ако сакаме да ја достигнеме нашата цел за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 степени, треба тројно да ја зголемиме употребата на обновлива енергија и да ја удвоивме енергетската ефикасност до 2030 година. Се гледа само она што е мерливо, ние го знаеме тој принцип, додаде Фон дер Лајен.

Таа најави дека само во следните пет години, преку својата програма „Глобална порта“, ЕУ ќе инвестира најмалку четири милијарди евра во обновливи извори на енергија во земјите во развој, потенцирајќи дека за справување со климатските промени потребно е да се привлече „многу приватен капитал“.

Климатските промени се глобална појава и фактор што придонесува за несигурност во обезбедувањето на храната. Безбедноста на храната е жртва и на руската агресија во Украина. Ја повикуваме Русија да дозволи житото од Украина да стигне до светските пазари преку Црното Море. Правиме се од себе за да го олесниме житото да стигне до светските пазари преку копнен пат. Но, за глобалните цени да се стабилизираат, житото мора да патува и по море. Никој не треба да гладува, а лидерите на Г-20 имаат одговорност и алатки да овозможат проток на жито до таму каде што е потребно, нагласи Фон дер Лајен.

Таа воедно го поздрави приемот на Африканската Унија во Г20, при тоа осврнувајќи се на нејзиното неодамнешно учество на Африканскиот самит за климата во кенискиот главен град Најроби.

Само што се вратив од Кенија, од Самитот за климата, Од таму гласот на Африка одекна низ целиот свет, особено гласот на нејзината младина преку Младинскиот форум во Кенија, кој не соочи со нашата одговорност како лидери со прашањето: Нашите земји горат и се дават, дали ќе бидете тука за нас?, додаде Фон дер Лајен.

На Самитот на Г20 што денеска и утре се одржува во индискиот главен град Њу Делхи, покрај Фон дер Лајен, ЕУ ја претставуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Tags: Г20климатски промениЊу ДелхиСамиттехнологиифинансииФон Дер Лаjен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ