• Latest

Георгиев за МИА: Време е да се најде друго законско решение за Бадентеровиот принцип во правосудството

November 14, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Георгиев за МИА: Време е да се најде друго законско решение за Бадентеровиот принцип во правосудството

November 14, 2023 09:46
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сметам дека е најважно на граѓаните да им овозможиме избор на квалитетни, добри кадри на судии, најмалку е важно од која националност се, изјави претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, во интервју за МИА.

На прашањето во врска со функционалноста на Бадентеровиот принцип при изборот на судии, претседателот Георгиев посочи дека по повеќе години откако е воведен принципот во Собранието, а подоцна и во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители, време е да се најде некое друго законско решение.

– Сметам дека застапеноста е нужна и потребна во ваквите тела, како и во Судски совет, но, од друга страна, дали е тоа правилно и добро решение за сите овие 20 години и во иднина да се применува тој начин со гласање при избор на судии, јас сметам дека е најважно на граѓаните да им овозможиме избор на квалитетни и добри кадри судии, најмалку е важно од која националност се, рече Георгиев.

Според него, во скоро време би требало тоа да биде предмет на размислување, односно, како што вели, да се изнајде начин како да бидат застапени сите националности, а од друга страна, да не биде пресудна националната припадност за одреден избор.

– Во пракса го споредувам тоа како кога некој пациент ќе оди на лекарски преглед и го бара најдобриот лекар и не прашува од која националност е лекарот. Важно е и судиите да бидат добри познавачи на правото и на законот, а од друга страна, да бидат со свој интегритет, да имаат доверба во средината каде што работат, а најмалку е важно прашањето од која националност се. Така што, во догледно време сметам дека би требало тоа да биде предмет на размислување во смисла да се изнајде начин како да бидат застапени овие националности, а од друга страна да не биде пресудна националната припадност за одреден избор, вели тој.

Целото интервју со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, во кое разговараме на повеќе актуелни теми од правосудството ќе можете да го погледнете наскоро.

Фото: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ