• Latest

Гипсано-полиестерско-барокна Македонија

February 4, 2016
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Гипсано-полиестерско-барокна Македонија

February 4, 2016 19:43
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По секое црвенеење на образите, при посетите на гости од странство на македонскиот главен град, на кои морам да им објаснуваам дека не сме народ кој колективно е на халуциногени дроги, и дека имаме и своја, богата, историја, и дека силувањето на Скопје од бездарниците во уметноста и во политиката, не е желба на обичните смртници, кои мака мачат како да преживеат… не знам дали од туѓиот срам што ме изеде – да се замијам, или да се убијам

Пишува: Синиша Станковиќ
Пишува: Синиша Станковиќ

И, пишувам во сите медиуми со кои соработувам, за резилот, за грдотијата и за лузните врз лицето на она, некогаш убаво Скопје, чисто, за да си ја спасам душата. Зашто, и јас, како и сите немтури пред чии зачудени погледи, за само шест години се издигна „светската престолнина на кичот“, пишував за некои други работи: за гнасотиите во политиката, за девастираната економија, за арамилакот без инсаф, и како да немав време, да сфатам што ни се случува. И се мајтапев на сметка на креатурите со промашени животи, кои препелкајќи се во својата неоствареност на ниту еден план, решија на мојот роден град да му ја урнисаат физиономијата.

Пишував за „бурек – барокот“, за „балканската верзија на Лас Вегас“ и за метаморфозата на Градот на солидарноста во Град на хаосот, во сценографија за една морничава трагикомедија за духот на Паланката… Пишував и за оној без гаќи, и за вечниот огин што постојано се гаснеше и за раката на Карев поставена во питачка позиција (голема како лопатата на Алија Сиротановиќ, оти бедни сме и проколнати, а и душата на сламка ни ја извадија „преродбениците“ кои ни брцаа во џебот 24/7, па и преку споменици, допрва ќе пекаме за помош, за да ги вратиме долговите…). И, си играв дрн-дупка со безличните ликови на фирерчињата од нашите џадиња и сокачиња, кои со стиропорни кулиси сакаа да ни создадат „барокно“ минато, троа поубаво од нашето, кое не им чинело, па аздисаа и алчно посегнаа по туѓото, кое, нели, „сечи од газот – крпи ги ушите“, така, накриво насадено, еве не вирее на балканскиве скрки, оти не му е арно под македонското сонце  и од ветерот крај Вардар.

Пишував, ама не доволно, море и врескав по улици, ама, не – доволно! Додека ние им се смеевме на провинцијализмот, тие си „остваруваа“, покрај сметките во банките, ги исполнуваа и налудничавите планови на сите оние кои мразат (та, не е само Скопје, ете, и Битола сакаат да ја унакажат, ма, тие и Париз би го уништиле, само ако добијат шанса…), на сите оние кои го мразат ГРАДОТ, оти се плашат од него и знаат дека не припаѓаат тука. И затоа сме денес тука, каде што сме. И, можеме или само да молиме, апелираме, предупредуваме… како досега, или отсега, да размислуваме како ќе му ја вратиме душата на Скопје. И што ќе правиме со илјадници тони гипс, но и бетон и железо?

Зашто, загадувачите, непријателите на зеленилото и на дрвјата (кои ги потсетуваат на она од што избегале, кога цврсто се заколнале дека никогаш нема да се вратат), оние исплашените од третите ешалони, се само маши во рацете на творците на монструозниот план за рекомпонирање и обезличување, сценарио што подразбира демонтирање на сé вредно и квалитетно, и замена на асолниот цврст, повеќевековен материјал, со шупливи – „куп ден помини“ – кулиси. Со фалсификати….

Не сценаристите не им чинеа нивните дедовци, па си посакаа татковците да им ги одгледале нечии туѓи, за да се перчат со титули… Не им беше доволно благородничка македонската историја, онаа вистинската, поробената, ама бунтовна, онаа селската и печалбарска, ама издржлива како пиреј… Ништо не им беше доволно, па со џебџиски манири – „бржа рука од ока“, како од ќерпич, закашкаа некаква нова, нивна варијанта, ексклузивци ниедни – низаедни, низ 23 векови директно растегнати, сé до Александар, кого го прекрстија во Воин и Букефал кого го прекрстија во Коњ.

Арчеа, ден по ден од нашата иднина, скусувајќи им го векот на нашите деца и внуци. Изградија панаѓур на чиј ролеркостер ја качија цела Македонија, да се вози, да вреска со затворени очи и да се моли на Христа и на Алах, да се најде некој нормален, да го исклучи копчето, да го запре стрмоглавувањето… 630 милиони евра фрлија во ветер, а око не им трепна за 600 илјади млади луѓе кои се развеаја низ светот, бегајќи од кошмарот. Осум години, секој ден го зголемуваа јавниот долг за по милион евра, градејќи бесполезна порта за сите екстатично-триумфални порази и утки во проценките (која исто така, види чудо, ја прекрстија во „Македонија“) на која единствено, родителите можат да си ги испраќаат деца кои усвит фаќаат за да се спасат…

Јас и луѓето со кои комуницирам, од се срце им се смеевме, ама тие, „упорити“ какви што се, си ја тераа суицидалната агенда, заглибувајќи нé се подлабоко во тињата, во живиот песок, во батакот на нивните хорор – идеи: за билдање на нов национален идентитет, за нова историја (која, нормално, започнува од нив, и подразбира бришење до сотрување, на сé она што ја создавало и одржувало младата држава седум и пол децении), за нова придавка за Македонија, која веќе не е ни богато-шарена како овошната салата, ни библиска и покрај десетиците нови скопски цркви, ни славјанска за жал, туку ете… Гипсано-полиестерско–барокна…

Јаз’к.

Tags: барокглупостдиктатуразлоупотребакичМакедонијаНикола ГруевскипроектСиниша СтанковиќСкопје 2014споменицифалсификатиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ