Гитаристката Јаси Хофер, во четврток на 5-ти април, ќе го промовира својот нов албум „Faith“, во МКЦ ресторанот со почеток од 21 часот.
Првиот инструмент со кој започнала била виолината, но на 12 години одлучува дека електричната гитара е инструментот што сака да го освои.
Само неколку месеци откако почнала да зема часови по гитара нејзиниот професор ја запознава со легендарниот гитарист Steve Vai. Нејзините музички обиди таа јавно ги објавува на ју тјуб и тоа и донесува милиони кликови и импресии и секако вниманието на самиот Steve Vai. Во 2007 година, Steve јa поканува да настапи со него на сцена во нејзиниот роден град Улм да ја отсвират заедно неговата песна „Answers“. Таа доживува голем успех со ова појавување и веднаш потоа добива покана од дискографска куќа да го сними нејзиниот прв ЕП.
Во 2014 година таа го издава својот дебитантски албум со наслов „Yasi“
Во 2016 година таа го заврши својот нов албум „Faith“ и во моментов е на европска турнеја.
А.П.