• Latest

Географска одредница, по „Пријателство“ до Грција, Македонија не е само грчка

February 7, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Географска одредница, по „Пријателство“ до Грција, Македонија не е само грчка

February 7, 2018 10:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев синоќа на прес-конференција изрази подготвеност името на земјата да содржи географска одредница, потенцирајќи дека прашањето за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.  

– Сакам нашите граѓани да знаат, сакам и граѓаните од соседна Грција да ги знаат деталите, но најповеќе сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа тука е секогаш дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам, затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на вчерашната заедничка прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар, по презентација на Стратегијата за Западен Балкан пред министрите.

Македонскиот премиер рече дека внимателно ги следи настаните во Грција и реакциите дома, но оти колку и да е тешко изнаоѓањето решение на спорот, тој е оптимист и решение може да се најде.

– Верувам дека ако водиме грижа за другата страна, за нашиот јужен сосед и ако тие водат грижа за нас притоа почитувајќи се, додржувајќи го достоинството и идентитетот, јас сум убеден дека може да се изнајде решение и за овој горлив двеипол децениски проблем, истакна Заев.

Претходно министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз рече дека очекува од Скопје, „конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните“. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име и коментира дека од другата страна не постои иста таква подготовка.

Македонската Влада по овие изјави на грчкиот министер за надворешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека на билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји.

– За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, соопшти прес-службата на Владата.

Изнаоѓањето взаемно  прифатливо решение, како што беше наведено, е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес.

– Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави, стои во соопштението. Од македонската Влада нагласуваат дека за секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана. 

Македонскиот премиер Заев на вчерашната прес-конференција со евроамбасадорот Жбогар соопшти и дека Владата донела одлука за преименување на автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, да се преименува во „Пријателство“, а на седницата ја беше прифатена и одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името Аеродром „Скопје“.

Одлуката беше поздравена од страна на грчкото Министерство за надворешни работи.

– Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштија од грчкото МНР.

Претходно, портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека географската област Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција, туку и на други држави.

– Многу добро знаете дека врз база на меѓународните договори, географскиот регион на Македонија не ѝ припаѓа  исклучиво на Грција. 51 отсто од Македонија ѝ припаѓа на Грција, околу 30 проценти на Бугарија, останатиот дел ѝ припаѓа на ПЈРМ и еден процент припаѓа на Албанија. Затоа, ако преминеме на суштината на разговорот, гледаме дека географската област на Македонија во моментов им припаѓа на различни нации-држави и оваа реалност не може да не ја земе предвид грчката надворешна политика, рече Ѕанакопулос.

Во однос на македонскиот идентитет, портпаролот на грчката влада вели дека сите народи имаат идентитет и „ниеден народ не може да лиши друг народ од неговиот идентитет“.

Ѕанакопулос објасни дека постојат две главни причини зошто Грција смета дека треба да се реши проблемот. Првата е дека нема причина во веќе дестабилизиран регион како што е Балканот, Атина да придонесе за дополнителна дестабилизација, додека пак втората причина е фактот што Македонија веќе ја имаат признаено над 100 земји под уставното име и опасноста во иднина ова име да го прифатат и ОН.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: автопатАеродромГрцијаЗаевЅанакопулосимеМакедонијаПреговориспор
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ