• Latest

Горд сум на граѓаните кои не го свиткаа рбетот под режимот

January 7, 2017
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Горд сум на граѓаните кои не го свиткаа рбетот под режимот

January 7, 2017 11:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога некој ќе спомне збор како „преживеав“, веднаш се помислува на нешто во стилот на „бев на работ на смртта и ја избегнав“ или нешто слично на тоа. Од некоја дистанца, можеби и така и треба да ја „чувствувам“ годинава што помина – но, повеќе поради фактот што, пред сé, нашата држава (а и ние со неа) поминуваше низ такви премрежија во 2016-та.

milan-zivkovic1
Пишува: Милан Живковиќ

Сеќавајќи се како почна 2016-та (со изјави на поранешниот премиер дека ќе имаме избори на 24-ти април/5-ти јуни, со или без опозицијата; со скандалозни одлуки на Уставниот суд; „трчање“ на целиот дипломатски кор во обид да се одложат изборите; одлуки на претседателот на Македонија за помилување на лица осомничени за криминал и ред други работи), не можеме а да не бидеме благодарни за тоа – каде сме сега. Избегнати беа неколку обиди за „закрвување“ по етничка/партиска основа исе одржаа парламентарни избори на кои преку 600.000 гласачи испратија недвосмислена порака дека сакаат соживот и правдина, а не корупција и едноумие.

Гледав многу мои пријатели кои упорно се обидуваа да ме/нé убедат дека сето ова што се случува околу нас е „масло на странците“; дека „вистинските патриоти не треба да ја критикуваат нивната земја/држава“ – дури и кога не е во право; дека „странците сакаат да ни наметнат: федерализација, двојазичност, губење на идентитетот, промена на името“; дека „Албанците само сакаат да успеат во својата намера за Голема Албанија“…, и го правеа сето тоа само со една цел: да се убедат себеси дека замижувањето пред корупцијата и неправдата е прифатливо сé додека постојат претходно наведените „причини“ за политичката нестабилност во Македонија.

А морам да кажам и дека веќе немам проблем што (сигурно) имам пријатели кои се дел од тие 454.253 лица што гласале за опцијата која грчевито се бори да не заврши во затвор. Секако дека не ги знам точно причините за секој(а) од нив, за тоа зошто гласале за тие кои нé доведоа до ова дереџе, но можам да претпоставам дека некои од нив се:

  • уценети на ваков или онаков начин;
  • вплеткани во некакви игри со финансиски придобивки на кои можно е да им дојде крајот во случај да има промена на власта;
  • (под притисок) внесени во слични „игри“ каде не е сé легално и во секое време може да им се активира некаква пријава преку некоја институција;
  • под притисок поради вработување преку партиските штабови или пак сé уште веруваат дека тие или член на нивното семејство ќе добијат нешто што им ветиле (вработување, тендер…)
  • сé уште се убедени дека партијата за која што гласале е најдобрата опција што ја имаме и точка!

Дел од нив, можеби се и љубоморни на вистинското заедништво, солидарност и братство/сестринство што произлезе од револуцијата на свеста кај дел од нашите сограѓани што почна со априлските протести, а продолжи во месеците што следеа. Можеби се љубоморни, бидејќи сметаат дека не можат да се извлечат од канџите на партијата што ги вовлекла во ова безумие, а гледаат дека наспроти нив, стојат лица кои веруваат во сето она за коешто протестираа, маршираа, другаруваа…

И токму поради тие работи сум благодарен што и јас и мојата Македонија ја „преживеавме“ 2016-та. Благодарен сум и поради одлуката на моите сограѓани да не го „виткаат грбот“ под налетите на чизмата наречена „режим“. Благодарен сум и поради фактот што нашите браќа и сестри, Албанци, покажаа дека знаат да препознаат што е корупција и криминал. Благодарен сум и поради фактот што сите сакаме да продолжиме да живееме и работиме тука, а не да ја замислуваме нашата иднина во некоја друга држава, бидејќи нашата не се грижи за сите свои чеда подеднакво.

И, една исправка за крај: Македонија не преживеа – Македонија се покажа во своето најдобро светло во 2016-та… Засега!

(Авторот е активист и борец за социјална правда)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аболицијабратствозаедништвоиднинаизбориКорупцијакриминалправдинапритисоцисоживотУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ